Со вежбање до побрзо забременување
Новите истражувања покажуваат дека жените кои прават умерена физичка вежба имаат поголеми шанси за забременување во однос на оние кои правеле енергични и тешки вежби. Тоа го покажала студија која била извршена на Универзитет во Бостон.
Умерено вежбање
Истражувања во САД и Данска, направиле истражување на повеќе од 3500 жени на возраст помеѓу 18 и 40 години кои потврдиле и покажале дека забремениле во текот на една година, колку што траело истражувањето, кое е наведено во студија објавена во “Плодност и стерилност”. Учесниците дале информација за часовите кои ги поминувале на вежбање во последната гофина како и интензитетот со кој вежбале. Во текот на истражувањето, скоро 70 % од жените останале бремени. Умерените вежби како што се прошетка, возење на точак бајковито се поврзуваат со брзиот зачеток кај сите жени, без разлика на тежината.
Жените кои поминале повеќе од 5 пати во неделата правејќи умерени вежби имале 18 проценти поголема шанска да забременат, во однос на жените кои правеле умерени вежби час или помалку седмично.
Наспорти тоа, жените со нормална тежина или пак слабите, кои правеле тешки вежби, како што се трчање или аеробик, им требало подолг период да забременат.
Да се биде во форма е предност.
Жените кои вежбале многу повеќе од 5-6 часа секоја седмина имале 32 проценти помала шанска да останат трудни во однос на жените кои не превеле тешки вежби. Не е воспоставена врска помеѓу напорни вежби и времето кое им е поѕтребно на покрупните жени да забременат.
Генерално, покрупните жени имаат проблем со зачеток и голем број на компликации во бременоста, вели Richard Grazi, специјалит за репродуктивна медицина во Brooklyn и New York, додавајќи дека салото и дебелината го активира метаболизмот и прави одвишок на естроген.
Зголемениот естроген може да ги потисне другите хормони одговорни за овулација што може да доведе до нередовен или изоставен циклус. Од друга страна, не е јасно зошто славите девојки, кои прават тешки вежби, имаат проблем со зачеток. Може да се случи причина да е премалото ниво на сало и познато е дека спортистките и многу слабите девојки имаат проблем со циклусот.
Вежбањето исто така може да влијае врз можноста на оплодената јајцеклетка да влезе во матката, а тоа посебно важи за жени кои многу трчаат или пак многу возат точак.