Сочен колач без млеко, брашно, јајца и маргарин
Состојќи
-150 грама сварена леблебија
– 100 грама сварена јаболка (пире од јаболка)
– 150 грама морков (измиксајте го во блендер)
– 75 грама изрендан морков
– 110 грама масло
– малку сол
– 1 лажица сода бикарбона
– 2 лажици ванилин шеќер
– 1 лажица цимет
– 150 грама пченкарно брашно
– глазура од варено јаболко (пире од јаболко)
– 200 мл сок од јаболко
– 2 лажици пченкарно врашно
– 2 лажици шеќер
Припрема:
Стоплете ја рерната на 180 степени
Во блендер ставете ја сварената леблебија, масло, сварена и омекната јаболка (пирето од јаболка), 150 грама од изренданиот морков, шеќер и маско и добро измиксајте го. Тргнето на страна
Пченкарното брашно, помешајте го со валиниот шеќер, сода бикарбона, солта, циметот, изренданиот морков ( 75 gr ), промешајте со лажица се додека не се сооедини.
Смесата за колачот ставете ја во помало лимено тавче во големина од ( 18 x 35 ),кој претходно ќе го покриете со хартија за печење. Израменете ја смесата во тавчето и ставете ја во загреаната рерна да се пече 30тина минути.
За глазурата направете густа каша од сок, пченкарно брашно и шеќер. Ова варете го додека не добиете густа состојка. Тргнете го од ринглата и доадете ја сместа од 200 грама сварена јаболка ( пире од јаболка ), добро измешајте го и налијте врз печениот колач.Оладете го пред сечење
Совети
1. Пирето од јаболка ќе го направите на начин што, ќе ги исечете јаболките на поситни парчиња и ќе ги ставите да се варат се додека не омекнат.
Процедете ја водата и малку притиснете ги со вилушка така што да добиете смеса на пире без додавање на шеќер.
2. Леблебијата можете или да ја купите веќе спремна во конзера или друго паковање или пак да ја варите додека не омекне и после да ја исцедите водата