• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕТЕТО
СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕТЕТО

СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕТЕТО

Родителите често уште од почетокот се грижат само за физиолошките потреби на бебето. Преокупирани се со тоа дали бебето е сито, суво или има грчеви и не размислуваат за развојот на социјализација кај детето. Социјализацијата се развива паралелно со другите знаења кои бебињата ги учат. 

КАКО СЕ РАЗВИВА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА ОД НАЈРАНАТА ВОЗРАСТ ДО ТРГНУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ?

Мајката е најважната личност првите денови

Бебето на почеток себеси не се разликува од мајката. Не знае да прави разлика помеѓу себе и неа, тоа е единство и на него му е најважно да го чуствува допирот на мајката и нејзините отчукувања на срцето. Од таа причина бебињата се смируваат во мајчината прегратка и првите месеци најрадосни се кога спијат со мајката. Првите денови е потребно да бидете тука за бебето, држете го на градите и уживајте. Од таа симбиоза и бебето и мајката може да имаат само бенефит. Ова се првите денови за правилен развој на една личност и од љубовта и нежноста која ќе ја чуствува во текот на овој период потекнува целоиот однос кој подоцна ќе го гради и со другите луѓе.

Новороденчето не може да се размази или да се навикне на држење во раце. Неговата единствена потреба, освен храната и чистите пелени, е да биде безбедно и сигурно. Така ќе се чувствува кога ќе биде кај вас во прегратка.

Бебето плаче бидејќи не знае како на друг начин да ја викне мајката. Со тоа што се смирува кога мајката го држи во раце и го милува, само покажува дека се плаши да остане само. Од третиот месец бебето ќе почне со насмевка да покажува кога е задоволно и веќе до половина на првата година, ќе знае и на другите да им покаже кога е тажно, а кога среќно. Тогаш бебето ќе сака и ќе им дозволува и на непознати личности да го земат, бидејќи сеуште нема страв од непознати.

Семејството е основа на правилен развој за социјализирање на бебето

Најважна улога, покрај мајката, има целото семејство со кои бебето ги поминува своите први месеци од животот. Бебето ќе се чувствува најсигурно во позната средина, на два месеци веќе ќе реагира на човечките гласови и ќе биде задоволно кога му се зборува и пее. Веќе во третиот месец свесно ќе се смее и ќе реагира позитивно кога му се обраќаат други. На пет месеци може да се приметат првите знаци на тага кога родителите не се во близина. Кога ќе наполни шест месеци, бебето ќе почне активно да бара внимание со “довикување”, фрлање на предмети, со испуштање на некои звуци-крици, за да ги повика познатите личности на интеракција.

Кога бебето е поголемо, се повеќе го развива чувството на страв од непознати. Немојте тоа да ве вознемири. Сите живи суштества имаат вроден инстинкт да се чуваат од потенцијални опасности. Бебето не може да знае дали некој непознат сака да го повреди. Тоа е најсигурно кога е на безбедно, а тоа секако е присуството на мајката.

Важноста на дружењето со другите деца

Бебето во првата пола година не обраќа внимание на другите бебиња. Тогаш е сконцентрирано на возрасните и тие ги задоволуваат неговите потреби. Како бебињата растат, така имаат потреба од запознавање со други. Бебето на седум месеци ќе почне да допира, удира, да зема играчки и често да плаче. Детето може да биде тажно, посебно ако другото дете покаже задоволство откако ќе го направи тоа. Меѓутоа, детето брзо ќе научи да ги почитува другите деца, да не може да го удри или да му ја земе играчката.

На најсуров, ама и најприоден начин детето низ игра со врсниците ќе научи дека може да му биде возвратено со иста мерка и дека не е центар на светот.

Зошто градинката е потребна за децата?

Децата со време ќе научат дека постојат правила во дружењето. Брзо ќе научат дека не може да се задоволуваат само сопствените потреби, со време ќе почнат да ги почитуваат и потребите на другите.

Престојот во градинка е клучен фактор за правилен развој на детето. Предучилишните институции имаат многу важно значење за интелектуален и социјален развој на детето. Детето учи низ игра и интеракција со своите другари. Така настануваат првите пријателства. Правилата во градинка се различни од оние во семејството. Детето во предучилишната институција се бори за своето место, учи да се осамосталува, стекнува рутина и ги разбира правилата на групата. Во градинка учи дека мора да се бори за своето место, но и за тоа што е поштена игра.

Се случува во предучилишниот период детето да се колеба помеѓу тоа да излезе да си игра со врсниците и да биде со родителите. Тоа се сосема нормално. Во времето кога се помали, на децата им е потребно да бидат сигурни и заштитени, уживаат во чувството на припадност од родителите, но и во играта со другарчињата.