
Сонот може да влијае за предвремено породување
Сонот може да влијае за предвремено породување
Квалитетниот сон може да спречи појава од предвремено породување, откриваат австралиските научници.
Прекраткиот и прекинатиот сон, како и привременото престанување на дишење во сонот-апнеа, можат да бидат фактори кои влијаат на појавата на предвремено породување, предупредуваат истражувачи од Универзитет од Јужна Австралија.
Квалитетниот сон е поврзан со намалениот ризик од предвремено породување.
Исто така, потврдено е дека спиењето на грб за време на бременоста може да го намали протокот на воздух и хранливи материи до постелката на бебето да не пристигнат, со што се загрозува состојбата на бебето.
Повеќе од четвртина предвремени породувања можат да се избегнат едноставно со промената на положбата на спиење. Исто така, спиењето го подобрува протокот на крв низ постелката, додека спиењето на грб прави притисок на вената која ја враќа крвта од долните екстремитети и деловите на телото и срцето. Последицата е намалена количина на крв богата со кислорот кое срцето го пумпа, со што се намалува протокот до бебето со што, може да настапат сериозни последици.