Совет за татковците во првите денови од раѓање на вашето бебе
Земете слободни денови
Договорете се со вашиот шеф да земете слободни денови после пораѓајот на вашата сопруга. Верувајте, ќе и бидете многу потребен. Нема да бидете наспани за да можете нормално да ги обавувате обврските на работното место, а вашата помош дома ќе биде од огромно значење.
Не смеете да заборавите дека вашата жена едвај може да оди, а не да ги извршува сите обврски по дома. Доколку се породила со царски рез, ќе морате да и помагате дури и со подавање на бебето за да може да го дои. Треба исто така да одите и да го пријавите новиот член на семејството во социјално или да одите да поднесете документи за исплата за прво или трето дете во општината или Град Скопје.
Расчистете се после славењето
Немојте вашата сопруга да го начека нередот во куќата или мијалникот полн со садови после прославата која сте ја имале со вашите пријатели. Подобра варијанта е да направите журка во ресторан или кафуле за да не правите хаос низ дома. Верувајте, вашата сопруга нема да може да го среди хаосот кога ќе дојдете дома, затоа потрудете се да и помогнете колку можете повеќе околу чистењето или спремањето на ручекот.
Бидете точни
Немојте да закасните во болница и да треба вашата сопруга и бебе да ве чекаат да ги земете. Бебето и мајката тоа ќе ги разлути, па цел живот ќе ви го префрлаат.
Понесете ги работите кои се потребни за напуштање на болницата за вашето бебе и сопруга.
Немојте да ги заборавите потребните работи за вашето бебе и сопруга. Мајката сигурно однапред се спремила, но доколку не го направила тоа – побарајте ја и прашајте што се и е потребно. Земете ливче и за секој случај запишете. Доколку заборавите нешто од работите ќе предизвиката бес кај мајката бидејќи може нема да има облека како да излезе од болница за себе или за бебето. Затоа внимателно слушајте и запишувајте. Само пробајте да се замислите како на вас би ви било да сте на нејзино место?
Средете ја колата
Пред да појдете во болница да ги земете, фиксирајте го седиштете во кола, исчистете го возилото. Доколку немате кола земете такси, но нека ве чека на излезот. Немојте да дозволите мајката и бебето да чекаат додека вие панично барате број на такси за да повикате возило.
Објаснете им на роднините дека на вас ви е потребен мир
Кога ќе дојдете дома овозможете и на вашата сопруга мир. Објаснете им на роднините и пријателите да не доаѓаат во првите денови во посета ( првиот месец и повеќе е многу значаен за вас и вашето бебе).
Би требало, секој да го почитува барањето на вашата сопруга или вашето семејство. Вистина е дека сите нетрпеливо сакаат да го видат малото бебе, но многу поважно е што вашата сопруга се чуствува уморно и исцрпено, можеби има грчеви во стомакот, болки, загриженост околку доењето, негата на бебето итн. Во овој момент најмалку и е потребно да сервира кафе и сок за гостите.
Известете ги сите
Бидејки сте направиле сигурно голем број на фотографии од вашето бебе, може да им ги испратите на поголемиот дел со цел колку толку да ја задоволите нивната желба. Доколку бабите и дедовците немат телефон, извадете фотографии и испратете им ги по пошта или однесете ги до кај нив (во зависност каде живеат), верувајте ќе бидат пресреќни.
Обезбедете помош
Пред да се породи зборувајте со вашата сопруга како ќе се организирате додека не се опорави од пораѓајот. Тоа најчесто е 6 недели. Можете да барате помош од вашите или нејзината мајка, но секако во согласност со вашата сопруга и исклучиво да биде по нејзина желба.
Обрнете внимание на намирниците кои се внесуваат поради млекото на мајката. Не одбирајте пример цитрусно овошје кои може да предизвикаат грчеви кај детето или храна која може да предизвика некаква алергиска реакција кај бебето. Исто така можете да најмите жена која ќе чисти.
Доколку мислите дека нема да ви биде потребна помош, се лажете, затоа треба добро да се организирате.
Ограничете ги посетите
Како што споменавме, во првите денови, мајката е многу чуствителна на се :валкани кондури или допирање на бебето. Немојте да и замерувате. Замолите ги гостите доколку пушат да излезат на балконот со цигарата и да ги измијат рацете кога ќе влезат да го земат бебето. Најважно од се е временски да го ограничите седењето на максимум еден час. Мајката треба да дои, да го преслекува бебето, да ги масира дојките итн.
Покажете разбирање
Како и на почетокот на бременоста,мајката исто така често ќе го менува расположението, секако за тоа најзаслужни се хормоните. Бидете сигурно дека тоа ќе помине брзо и немојте да и замерувате за промените во однесувањето. Покажете разбирање за нејзината ситуација, искажете и љубов и помогнете и околу негата на бебето.
Размазете ја.