Совети од Др. Елена Шапеска за Превенција од кариес – залевање на фисури
Залевањето на фисури претставува важна превентивна мерка во борбата со појавата на кариесот. Често родителите се во недоумица што всушност значи постапката на залевање на фисури, материјалот кој се користи, времетраењето и најважното – кога да го однесат своето дете кај матичниот стоматолог.
Залевањето на фисури претставува важна превентивна мерка во борбата со појавата на кариесот. Често родителите се во недоумица што всушност значи постапката на залевање на фисури, материјалот кој се користи, времетраењето и најважното – кога да го однесат своето дете кај матичниот стоматолог.
Што се фисури?
– Фисури претставуваат вдлабнувањата или јамичките на џвакалната површина кај премоларите и моларите. Во овие вдлабнувања навлегува храната па на децата им е потешко да ги исчеткаат со што задршката на храна и плак доведува до развој на кариес.
Постапка и материјал
– Залевањето на фисурите всушност претставува запечатување односно исполнување на најдлабоките места на јамичките со специјален материјал наречен залевач. Залевачот е материјал со двојна улога. Првата е механичко затворање на јамичките на забот а со тоа се спречува влезот на бактериите а со исполнувањето на празнините се олеснува и четкањето.
Втората улога е континуираното испуштање на флуор кој пак има улога во зацврстување на емаилот на забот
Самата постапка на залевање на фисурите е потполно безболна. Најпрво се острануваат меките наслаги на забот, џвакалната површина се нагризува со киселина и на тој начин се овозможува врската заб-залевач за на крај да се нанесе залевачот и се полимеризира со светлина. Важно е да се напомене дека залевањето на фисурите е неинвазивна постапка при која не се остранува забна површина па затоа се извршува само кај забни површини кои немаат кариес.
Кога е правилно време да се донесе детето за залевање на фисури?
– Како што кажавме, се залеваат оние забни површини кои немаат кариес. Па тоа би значело дека со самото никнување на првите трајни молари (од 6-7 години) доколку сакаме да ги заштитиме од развој на кариес, истите треба да се залеат. Втор период за залевање е околу 12-тата година кога никнуваат вторите трајни молари.
Важно да се напомене дека со аплицирањето на залевачите не завршува борбата со кариесот. Сепак редовното четкање, правилна исхрана и чести контроли кај стоматолог се пресудни за одржувањето на здраво забало кај децата.Нивна едукација од најмала возраст за правилна техника на четкање како и мотивацијата за одржување на оралната хигиена.
ПЗУ Илумидент Ви благодариме на овие одлични информации кои ги споделивте за нашите читатели