ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Совети од педијатар: Како да ги избегнете честите родителски грешки
    Совети од педијатар: Како да ги избегнете честите родителски грешки

    Совети од педијатар: Како да ги избегнете честите родителски грешки

    Кога прв пат ќе добијат принова, многу мајки и татковци се во дилема што треба да прават, па поради несигурноста многу често грешат. Ова се најчестите грешки.

    Доаѓањето на свет на детето, освен радоста која ја носи, го менува и начинот на живот на родителите, сакале тие или не. Некои брзо се прилагодуваат, други стануваат збунети, па не го применуваат ни она што го знаат и прават грешки кои лекарите лесно ги приметуваат.

     

    Недостаток на трпение

    Брзото темпо на живот, често и непроспиените ноќи, се причина што младите родители често ги губат нервите, па се однесуваат нервозно дури и спрема бебето. А токму мирниот, трпелив пристап спрема детето, посебно спрема новороденчето е неопходен за неговиот правилен раст и развој. Посебно во првиот месец од животот на бебето треба да се биде трпелив, додека бебето и мајката не се навикнат меѓу себе. За жал, во праксата тоа не се случува баш често.

    Претопло облекување

    Често гледаме деца, посебно бебиња кои се претопло облечени иако времето е топло. Оваа навика тешко се искоренува од нашето друштво и традиција, а се поради страв детето да не се прелади. Општа препорака е ако мајката носи кратки ракави така да го облече и детето, а ако носи топла јакна, таква да му облече и на детето. Треба добро да се согледа што на кое дете највеќе му одговара. Некои деца цело време ќе ја вадат капата која упорно им ја ставате, исто е и со прекривката. Ако му е претопло детето дури и во сон ќе расфрла се околу него, исто како и возрасните.

     

    Ограничување на движењето

    Не треба да претеруваме со носење на детето во раце. Друга работа е ако детето има некаков проблем. Тогаш му е потребна утеха со гушкање или галење, а допирот како и галењето се многу лековити. Децата кои веќе одат треба да ги оставиме, секако под наш надзор, слободно да трчаат и да се движат, што е драгоцено и за развојот на нивната моторика.

    Совет+

    Носете ги децата на прошетка кога сте во можност. Чистиот воздух и умереното излегување на сончеви зраци му годи на секое бебе и го потикнува стварањето на витаминот Д, кој е многу потребен за правилен развој на организмот.

     

    Хранење по сатница

    Непотребно е поради доење да го будиме бебето кое цврсто спие. Тоа ќе се огласи самото веќе после четири, па и повеќе саати од доењето, затоа што претходниот оброк е веќе преработен и потребни му се нови хранливи материи. Тогаш ќе цица многу послатко отколку кога е разбудено и поспано.

     

    Премногу хемикалии

    Приказната со капењето на новороденчето е добро позната, но и со тоа не треба да се претерува. Имајте на ум дека бебето не е рудар, па за капење му се доволни вода и многу малку благ шампон, како осетливата кожа не би се иритирала и сушела. Често се претерува со кремите и маслата за после капење, но и тие треба да се нанесат во многу тенок слој, за да не створат топла подлога, која е идеална за микроорганизми.

    Совет+

    Посветете му многу внимание на детето и бидете трпеливи. Секое дете е посебна личност за себе, па така треба да се поставиме и да го пратиме неговиот личен развој.

     

    Страв од болести

    Не треба да се крева паника околу температурата. Родителите често одат на лекар дури и кога бебето има телесна температура од 37,3 степени на пример. Педијатрите од Западот велат дека се додека бебето нема температура од 39 степени, не треба да му се даваат лекарства, додека ставот и границата на нашите педијатри е 38,5 степени. Негувајте го детето, сварете му чај, супа, седете со него, галете го, зборувајте му дури и ако е бебе, затоа што секое дете во голем број на случаи е желно за тоа и тоа ќе го забрза неговото оздравување. Помош од лекар побарајте само доколку детето нема сила да се избори со болеста, затоа што веќе е природно спремно за секоја одбрана.