• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Совети од педијатар: Правилно запирање на крварењето од носот во пет чекори
Совети од педијатар: Правилно запирање на крварењето од носот во пет чекори

Совети од педијатар: Правилно запирање на крварењето од носот во пет чекори

Како да се запре крвта од носот кај децата е нешто за кое родителите често се прашуваат.

Еве што кажуваат лекарите:

1.Најпрво со чисто марамче (уште подобро со стерилна газа, но тоа ретко се наоѓа при рака) треба да ја избришете крвта и да утврдите од која ноздра детето крвари, или “оди” од двете ноздри (што ретко се случува). Повозрасните деца треба кратко да го издуваат носот и така да го исчистат местото на крварење или евентуалното ситно страно тело.

2.Детето треба да седне, главата треба да му се навaли напред (не назад, што често погрешно се прави). Ако главата се крене, крвта се слeва кон грлото, а тоа не се гледа, па може да се случи детето да изгуби многу крв потполно непотребно. Тоа не може да се случи ако детето се навали лабаво напред, па затоа е тоа правата положба.

3.Во таа положба (со главата малку навалена напред), треба да се изврши притисок на ноздрата од која тече крвта. Тоа е најлесно да се направи со прст  (завиткан во марамица или директно на ноздрата) – кој се прислонува од страна, така што ноздрата се “слепува” со костената преграда од носот. Не треба да се пика прстот одоздола (потполно неправилно запирање на крварењето) туку само од страна. Би било добро детето да дише на уста додека се притиска ноздрата кој крвари, иако другата ноздра е слободна.

4.Треба да се биде трпелив и да се почека најмалку десет минути пред да проверите дали крварењето прекинало. Ако прерано го отпуштиме притисокот поради проверката, ќе видиме дека крварењето не запрело, па се мораме повторно од почеток.

5.Ако после десет, петнаесет минути од правилен притисок врз крварењето истото не престане, треба да земете капки или спреј за нос кои ги собираат крвните садови на носот и неколку капки или една доза од спрејот да ставите во ноздрата која крвари. Потоа притисокот врз ноздрата се повторува и така се држи петнаесет минути.