ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Совети за чистење на бебешкото затнато носе
    Совети за чистење на бебешкото затнато носе

    Совети за чистење на бебешкото затнато носе

    Потполно затнатото носе на бебето може значително да го искомпликува хранењето, затоа морате да бидете трпеливи и внимателни.

    Отежнатото дишење на бебето во првите месеци од животот е честа појава затоа што носните канали се многу тенки. Потполно затнатото носе на бебето може значително да го искомпликува хранењето, затоа морате да бидете трпеливи и внимателни.

    Чистете го носето на бебето со парче вата или со туфер натопен во млака вода – марамчињата се премногу груби за бебешката кожа. Втривањето на мала количина на вазелин околу носето може да спречи иритација и пукање на кожата.

    Освен тоа, можете да пробате:

    -Поставете перница под душекот во бебешкото креветче и делот каде што ја држи главичката, за да му го олесните дишењето (никогаш не ставајте перница на горната површина од душекот затоа што тоа може да предизвика прегревање на организмот па дури и гушење.

    -Наполнете ја кадата со врела вода, а потоа влегувајте и излегувајте од бањата заедно со бебето во прегратка – тоа е ефект кој е највлијателен за прочистување на бебешките дишни патишта.

    -Некои лекари препорачуваат употреба на солена вода во облик на капки за нос, но тие обично не се потребни ако носето е само малце затнато.

    Кога е неопходна стручна помош? Ако бебето дише исклучително тешко, се бори за воздух или произведува звук кој шушти, веднаш обратете се на доктор.