Совети за првите денови на доење
Мајките на почеток се чувствуваат збунето и често имаат страв од доење, еве неколку совети кои ќе ви го олеснат почетокот на ова возбудливо патување.
Припремањето за чинот доење почнува уште за време на бременоста, а успехот во голема мера зависи од мотивираноста на мајката и поддршката на околината.
Мајката и бебето се активни партнери во доењето. Во првите денови тие се истражуваат меѓу себе, учат еден од друг и се прилагодуваат од ден на ден. Периодот на адаптација е исто така време кога се усовршува техниката на доење, затоа што тоа е една важна алка за успешно доење.
Некогаш техниките се учат и совладуваат за краток временски период, а на некои мајки им е потребно многу повеќе време и труд. Не зависи се од знаењето и способноста на мајката, темпераментот, однесувањето и здравствената состојба на бебето е исто така важна.
Важно е да ја запознаете анатомијата на сопственото тело, да ги согледате промените, тоа ќе помогне подобро да ја совладате вештината на доењето.
Знаењето што го имате уште од времето на бременоста, континуираниот труд, цврстата решеност во намерата да се истрае кога ќе се најдете пред некоја препрека, ќе му овозможи на бебето да го добие тоа што е најдобро, тоа што го заслужува и му прапаѓа-мајчиното млеко!
КОГА БЕБЕТО ЌЕ СЕ РОДИ
Бенефитот од доењето не е само исхраната и нутритивните вредности за бебето. Во текот на првите неколку дена сигурно ќе испробувате како и колку често да го доите бебето. За да се чувствувате сигурно, издвојуваме неколку информации со кои ќе знаете што да очекувате.
НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ ПРВАТА ПРЕГРАТКА НА ПОРОДУВАЊЕТО
Давањето на новороденчето веднаш по породувањето во прегратка на мајката, а да се почувствува контакт кожа на кожа, во светот ја нарекуваат “kangaroo care” метода. Овој прв контакт на новороденчето со мајката, помага новороденчето побзо да почне да цица. Бидете трпеливи, потребно е неколку часови за бебето да почне да јаде. Дајте си време и искористете го тој период за да се поврзете со детето.
НАСПИЈТЕ СЕ
Одморот е најважен во опоравувањето после породувањето. Ќе ви помогне да се чувствувате поопуштено и смирено додека го доите бебето, а го зголемува и нивото на енергија за новороденчето и го поттикнува створањето на млекото.
НЕМОЈТЕ ДА ПРАВИТЕ РАСПОРЕД НА ДОЕЊЕ
Првите денови пробајте да го доите бебето на негово барање, затоа што мајчиното млеко е важно во раното развивање на бебето.
ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ
Ако имате потешкотии со доењето, пробајте да најдете некој кој ќе ви помогне, ќе ви ја зголеми самодовербата, некој со кој ќе се чувствувате опуштено и кој што може да биде тука за вас додека доите.
Тоа може да биде и здравствен работник, роднина или пријател или некој приватен професионален сервис.