• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Совети за сечење на бебешките нокти
Совети за сечење на бебешките нокти

Совети за сечење на бебешките нокти

Многу бебиња се раѓаат со големи, веќе израснати нокти. Прочитајте на кој начин треба да ги сечете и колку често.

Многу родители се плашат да ги сечат ноктите на бебето, како случајно не би пресекле и дел од прстот на бебето. На почетокот кај новороденчињата ноктите се толку тенки што можете внимателно да ги откинете со вашите нокти. Подоцна барем еднаш во текот на неделата ќе им ги сечете ноктите на рацете.

“Ноктите на бебето растат многу брзо и имаат неверојатна способност за регенерација”, објаснува Џојс Тенг, педијатар и дерматолог од Стенфорд.

“Ако не им ги исечете ноктите, можат да се повредат и да си го изгребат лицето.“ Ноктите на нозете нема да морате да ги сечете така често затоа што растат побавно.

Ножички или грицкалка?

Немојте да им ги сечете ноктите со грицкалка или ножици кои вие ги користите. Кога ноктите ќе пораснат, ќе морате да земете ножичка во рацете. Препорачливо е да купите посебни ножички за деца кои имаат заоблени врвови па така ја намалуваат можноста за повреда во случај детето да се помрдне.

Единствената потешкотија на која ќе наидете е како да го поттикнете детето да биде мирно додека му ги сечете ноктите.

Некои родители полесно ја завршуваат задачата со помош на партнерот: едниот родител го држи детето мирно, додека другиот ги сече ноктите. Можете да пробате да им го одвлечете вниманието со сликовница, играчка или некоја песничка. Понекогаш можете да слушнете дека ноктите на бебето најдобро се сечат додека спие. За тоа да биде остварливо детето мора да има цврст сон, а вам не треба да ви претставува проблем ако во тој процес и го разбудите.

Како да ги сечете ноктите на рацете, а како на нозете?

Кога ќе ги сечете ноктите на нозете, сечете ги во рамна линија без допирање на рабовите. Ако премногу ги исечете може да предизвикате нелагодност за бебето. Запомнете дека ноктите на прстите на нозете растат побавно и доволно е да ги сечете само еднаш до два пати во текот на месецот. Кога ги сечете ноктите на рацете, стиснете ги врвовите на прстите спрема горе како случајно не би ја пресекле кожичката. Потоа сечете дел по дел: од левиот агол рамно до десниот агол на ноктот. Со турпија можете да ги поправите неправилностите.