• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Совети за утра без нервози
Совети за утра без нервози

Совети за утра без нервози

Дали е можно да бидете добро организирани?

Ситуацијата е следна: работен ден, време за одење во градинка. Малечките сѐ уште не се излезени од креветот, а веќе е време да се облекуваат и спремање. Ако тргнете за десет минути, ќе доцните на работа. Имате цели пет минути да се организирате. Кога веќе станаа, девојчето се пресоблекува три пати, момчето не може да си ги најде патиките за физички … Ова сценарио се случува во целиот свет и за повеќето родители е вистински кошмар. Во оваа ситуација, секој родител е близок до нервен слом и треба да биде многу вешт за да се избегне нервоза.

 

Сепак, не се сите бродови потонаа и вие не мора да се помирите со фактот дека ќе биде така додека децата не тргнат на фаултет. Следете некои од правилата кои биле измислени од искусни родители и ќе имате малку смирено утро, а со тоа и мирен сон.

 

Све што можете да направите во вечерните часови, не оставајте за наутро

Проверете ја временската прогноза за утре и подгответе ја детска гардероба според неа. Учете ги децата да облечат она што сте им подготвиле, а ако имате пребирливи деца (не им го скратувајте правото на избор) подгответе две комбинации за нив, и да ја одберат едната.

 

Потрудете се децата да легнат на време, а и вие, исто

 

Доволно количество на спиење сигурно ќе ве направи поорганизирани и весели наутро. Ставете ги малите деца во кревет на време и обидете се да одите во кревет секоја вечер во приближно исто време да креирате рутина. Се разбира, повремени екскурзии се дозволени, но не претерувајте со попуштање. А како себеси, ќе се натерате да не погледнете “само уште една епизода од серијата” договорете се со себе. Направете експеримент: недела дена откажете се од дополнителни епизоди, читањето на пораки пред спиење, касно миење садови, и ќе видите колку е полесно за вас да станете наутро.

 

Спакувајте ги торбите

 

Ако децата носат ранци, чанти или торби во градинка, не заборавајте да ги спакувате ноќта пред тоа, па не заборавајте да се спакува облека или нешто што на децата во текот на денот ќе им биде потребно. Исто така, не заборавајте да ја подготвите вашата чанта. Често се случува кога излагате од дома, сфаќате дека не можете да ги најдете вашите клучеви, паричник, мобилен телефон. Значи, сè што знаете дека ќе ви треба веднаш спакувајте го во чантата за да не губите време.

 

Направете листа на обврски

 

Ако повеќето работи сте ги подготвиле за утрото во вечерните часови, можеби нема да ви треба оваа листа. Секако не мора да запишете дека треба да ги измиете забите на децата, да ги измиете или било кои други тековни активности.

 

Меѓутоа, ако треба да се изврши одредена активност, на пример, да се спакува приборот за цртање или книги за учење на јазик, или да свратите до книжарница / аптека / поштата на патот, не заборавајте да си напишете потсетник.

 

Мотивирајте го вашето дете да стане на време

 

Родителите едвај чекаат децата да почнат да спијат цела ноќ без будење, а потоа започнува поинакво измачување – како да го разбудат детето на време. Децатачесто мрморат, нерасположени се, не сакаат да станат и секогаш бараат дополнителни пет минути. Во овие ситуации може да ви помогне некој интересен будилник кој ќе заѕвони весело со некоја детска песна, со која детето поубаво и полесно ќе се разбуди.

Бидете позитивни 🙂

 

Како и да се разбудите, на лево или десно, бакнете ги децата, прегрнете го сопругот / сопругата и радувајте се на новиот ден што е пред вас!