ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Совети за зимска прошетка со бебе
    Совети за зимска прошетка со бебе

    Совети за зимска прошетка со бебе

    Дневната прошетка на свеж воздух е важна за градење и зајакнување на имунитетот на бебето, а ниските температури не значат дека треба да се остане дома. Сепак, потребна е претпазливост, посебно кога се работи за бебиња.

    Децата до втората година се посклони на хипотермија и нивниот организам полесно ја губи топлината, така што за прошетка треба да бидат облечени слоевито во памучна облека и истовремено покриени затоа што лежат па со самото тоа им е поладно.

    “Почнувајќи од еден месец бебињата можат да одат надвор и во зимскиот период, а доколку се работи за предвреме родено бебе, прошетките треба да се одложат во случај кога надвор има минусни температури. На бебето треба повремено да му ги допреме рацете за да се увериме да не му е студено. Во текот на зимскиот период е најдобро прошетките да бидат околу пладне и да не се излегува кога надвор има магла, мраз или силен ветер“ појаснува педијатарот, др. Џована Армано.

    Во текот на првите зимски прошетки на бебињата им е доволно до половина час, а како бебињата растат, прошетките треба временски да се зголемуваат. Децата повозрасни од две или три години можат да бидат надвор и подолго од еден час доколку се физички активни.

    На бебињата во текот на зимските прошетки често им тече носот, што е нормална реакција на ладниот воздух. Тогаш е потребно да им се избрише пределот околу усните, како влажната кожа не би се оштетила. Од истата причина подобро е бебињата да немаат цуцла во устата затоа што под неа се собира плунка.

    “Најниска температура кога може да се излезе на прошетка зависи од возраста на бебето и од временските услови. Скандинавците излегуваат и на – 15, но ние не сме навикнати на тоа.

     

    Една од најчестите грешки кои ги прават родителите е неадекватното облекување на децата, и тоа најчесто предебело отколку претенко.

    Потребно е бебето надвор да има капа затоа што 25 % од телесната топлина се губи преку главата, но тоа не значи дека и во затворен простор мора да бидат предебело облечени.

    Така може да дојде до оштетување на терморегулативниот систем, па детето подоцна ќе биде зимурливо и склоно кон настинки.

    На децата на поголема возраст кои скокаат и трчаат треба да им се облече помалку облека, бидејќи се потат, а облеката треба да биде водоотпорна.

    “Лесно ќе препознаете ако на бебето му е ладно. Ќе плаче, рацете ќе му бидат ладни, а може и да се тресе. Ако родителот ги препознае овие знаци, детето треба да го одведе дома, да го загрее и да му даде топол напиток.

    Ако на бебето му е ладно подолго време тоа може да се прелади, да стане раздразливо и подложно на настинки и вируси“ – вели др. Армано.