
Совети за безбедно капење на бебето
8 совети за безбедно капење
Времето кога го капете бебето е забавно и посебното време кое го споделувате со вашето бебе. Освен забавно тое е време кога треба да бидете особено внимателни. Обрнете посебно внимание на овие совети, па вашето бебе ќе биде безбедно за време на капењето:
1. Првото и најважното правило е: Никогаш, никогаш не го оставајте бебето без надзор, дури и за момент. Практично све претставуваа закана за бебето, и водата, и лизгава када, пешкир … Ако се случи да телефонот ѕвони или некој е на вратата, замотајте го бебето во крпа и заедно одете или се игнорирајте.
2. Нека во бањата биде пријатно топло (приближно 24 ° C), бидејќи бебето брзо се преладува.
3. Не го ставајте бебето во кадата додека водата тече поради притисокот на водата кој може да се промени, така што водата може брзо да стане потопла или поладна од она што го имате наместено или случајно ќе се прелее повеќе отколку што треба. Затоа, прво подгответе доволно вода, соодветна температура и потоа ставете го бебето во кадата.
4. Децата имаат многу чувствителна кожа, па и тие сакаат капење во вода која не е премногу топла, за новороденчето околу 36 ° C, а за бебе 37-38 ° C. Можете да ја тестирате водата со вашиот зглоб или лактот и треба да биде пријатно млака, а не топло. Ако сте во можност набавете специјален термометар за вода.
5. Наполнете ја кадата само околу 5-7 см за бебиња до 6 месеци и не повеќе од висината на колковите (кога се во седечка позиција) за постари деца. Без оглед на малата количина на вода, бебето никогаш не треба да остане без надзор, бидејќи може да се удави во само неколку сантиметри вода.
6. Не дозволувајте детето да ја допира чешмата. Дури и ако не можат да се движат многу брзо доволно ќе зајакнат и ќе биде во можност сами да пуштаат вода – што потенцијално би можело да биде многу опасно ако се случи да случајно пушти топла вода (добра идеја е кога го капете бебето да го свртите со грбчето да биде накај славината) .
7. Држете ги електричните апарати како фен за коса, уред за извртување на коса или бричење што е можно подалеку од кадата.
8. Понекогаш капењето може да биде многу стресно, бидејќи тоа се случува на крајот на денот кога веќе сте уморни. Затоа, потребна е дополнителна нега или помош од друго лице или постарото дете, бидејќи кога сте уморни, постојат повеќе шанси за повреда.