Совршен сојузник во борбата против бактериите.
Совршен сојузник во борбата против бактериите.
Се користи за дезинфекција на рани, но истовремено е ефикасен и во одржување на чистотата во домот. Хидрогенот го има скоро секој дом бидејќи е одличен за рани, но малку кој знае колку може да биде корисен во одржувањето на куќата.
Три процентен хидроген пероксид е одличен за чистење на сите работни површини во кујната бидејќи ги убива сите бактерии, а не е штетен по здравјето.
Сунѓерите и крпите потопете ги во хидроген или само испраскајте ги со хидроген. Со нив, можете да дезинфицирате и во внатрешноста на фрижидерот. Доволно е само да ги пребришете полиците на кои стои храната.
Со хидроген-пероксидот одржувајте ја даската за сецкање. По употреба исперете ја и испрскајте со хидроген.
Тој е добар за повремена употреба во машината за садови. Неколку децилитри хидроген-пероксид ставете го заедно со детергентот и знајте дека тоа е чисто и безбедно за користење.