ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Спијте на левата страна во бременоста
    Спијте на левата страна во бременоста

    Спијте на левата страна во бременоста

    Најдобра позиција за спиење во бременоста

    Веќе на почетокот на вториот триместар, може да имате проблем да се наместите во положба за спиење. Некои бремени жени ќе се навикнат како поминува времето, додека други ќе го имаат овој проблем само кога ќе влезат во последниот триместар и како се приближува терминот за породување.

    Проблемот со спиењето се јавува првенствено поради стомакот, кој повеќе не ви дозволува спонтано спиење во текот на сонот.

    Перница за бремени жени и доење

    Размислете за купување на перница за бремени жени и доилки. Тоа ќе ви помогне да спиете удобно.

    При купувањето на оваа перница, важно е да се обрне внимание и да се купи само онаа полнета со ситни гранули.

    Перничињата исполнети со сунѓер, памук или друг материјал нема да ви помогнат многу, ни сега ни кога ќе ги користите за доење на бебето. Секогаш можете да ја користите старата перница, ставајќи ја меѓу бутовите и коленото, или потенка перница под стомакот.

    Зошто е важно да спиете на левата страна?

    Најдобро е да спиете на левата стран. Потрудете се вака да лежите, особено за време на третиот триместар.

    Имено, на десната страна на кичмата има шуплива вена. Од суштинско значење е таа да биде слободна за протокот на крв побрзо да циркулира низ телото и да го снабдува бебето со кислород.