• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Спонтан абортус – Исповед на една мајка и совети од психотерапевт
Спонтан абортус - Исповед на една мајка и совети од психотерапевт

Спонтан абортус – Исповед на една мајка и совети од психотерапевт

Жените кои го доживуваат ова, а за жал живееме во време кога овие случаи се почести, навистина е тешко да се изборите со тоа и да продолжите понатаму. Како да си помогнете на себе и како опкружувањето може да ви помогне, советува психоаналитичарот Вида Ракич.

Спонтаниот абортус е сам по себе голем губиток, а со себе носи и дополнителни проблеми кои можат да предизвикаат дури и страв од мајчинството. Жените кои доживуваат вакво прекинување на бременоста, често не можат да се изборат со истото и да продолжат понатаму.  Колку им е тешко во тие ситуации покажува искуството на една мајка (за која ќе ги сочуваме иницијалите ), додека пак совети ќе даде психоаналитичарот Вида Ракич.

Искуство на една мајка која го изгубила своето бебе

Оваа мајка реши да ја сподели својата приказна, за која воопшто не и лесно да зборува.Оваа мајка го изгубила своето бебе во втората бременоста, додека со првата пак немала буквално никакви проблеми. Секако постојат и такви кои за жал ова им се случува и со прва бременост или неколку пати..Но, овие работи неможат да се предвидат. Како велат, “секоја бременост е различна”.

Оваа мајка кажа дека породилните болки, воопшто не е нешто што се нарекува болка, туку вистинската болка се наоѓа во мојата душа и тоа е многу појака болка. Ги замолувам сите мајки на кои им се случило истото да пишат, како тие се избориле со истото..

Освен болката која ја имам, сега треба да правам и милион испитувања кои трошат многу енергија и создаваат дополнителен стрес. Се плашам повторно да останам трудна, се плашам да не ми се случи истото…

Затоа на сите овие прашања, ќе одговори стручно лице кое може да даде добри совети за сите оние кои ќе се пронајдат во овој текст.

Совети од психотерапевт : Дозволете си себе да патите

Психоаналитичарот Вида Ракич, вели дека првиот чекор во процесот на тагување е прифаќањето на губитокот кој е добиен и прифаќање како нешто дека е “сосем нормално “

“Во овој период имаш право да се лутиш на цел свет”. После одредено време лутината се заменува со тага која е здраво чувство и кое претставува примерна ситуација. Објаснува психоаналитичарот.

Се јавува уште едно непријатно чувство. 

После спонатниот абортус, се гледа како на нешто што се вика траума каде сите латентни стравови излегуваат на површина, а оние кои веќе постојат се заоштруваат. Многу жени во ваков случај се обвинуваат себеси и за тоа дека во текот на бременоста имале спротивно мислење према вложувањето на мајката. Можете да го промените мажот, работата, земјата, но кога ќе родите, засекогаш превземате огромна грижа за вашето бебе. Во природата на човекот е кога станува збор за толку големи прашања да има измешани емоции. 

Овој совет жените мораат внимателно да го прочитаат и да дозволат на себеси да патат.

Многу жени од страв од тага и слабост, но и од неспособност е да го прифатат губитокот, ги потиснуваат тешките чувства и не си дозволуваат на себе да патат за истото. Тогаш, по правило сите непреживеани чувства ги пренесуваат на други области од животот кој водат до депресија, хипохондрија, психосоматски проблеми .

Доколку жената не може да оди на психотерапевт, нека побара помош од пријатели, семејството или партнерот. Блискоста е правиот пат кон прежувување на проблемите-вели психоаналитичарот. 

Наредната бременост, може да биде пропратена со огромен страв за да не се повтори истото

Кога ќе помине процесот на тагување и кога ќе дојде нова бременост, тогаш може да се јават извесни проблеми, меѓу кои и преголем страв од тоа дека се ќе се повтори. Психотерапевтот за вакви ситуации го нуди следниот совет:

“Секогаш разговарајте кога ќе почувствувате потреба од тоа, споделете ги вашите чувства. Можеби е банален пример, но кога ќе тргнете на пат со автобус со кој треба да патувате 30 саати со автобус и веќе знаете што ве чека, некако е полесно, знаете дека ќе издржите зар не? ” Така е и со бременоста. Вашето претходно искуство во вас внело голем страв во коски, но ако го прифатите, ќе победите. 

Што вели статистиката и кои се се предизвикувачи?!

Спонтаниот абортус, за жал е се почеста појава. Секоја четврта бременост завршува со спонтан абортус.Некогаш решение е невозможно да се најде, но меѓу најчестите причини се хроничните болести кај мајката, шеќерната болест, хипертензија, проблем со бубрезите, пореметување на штитните жлезди, генетика. 

Кога станува збор за актуелни болести, се издвојуваат инфекциите на микроорганизми или одредени трауми. Тежок емотивен шок, секако може да доведе до губење на плодот.

На листата на предизвикувачи е преголемиот внес на алкохол, пушењето и употребата на психоактивна дрога. Вродени или затекнати анатомски пореметувања на мајките се одговорни за 10% до 15% за спонтаниот абортус.