
Спорт + јазик = полна капа
Часови по балет, странски јазик, гимнастика, фудбал, клавир, тенис….Родителите некогаш знаат да ги преоптеретат децата со воннаставни активнсоти со намера да им се пружи можност да го најдат она во што се најдобро, да им пружат колку можат подобро и да го прошируваат образованието, а притоа забораваат дека детето сепак треба да биде дете.
Постои ли воопшто вистинско мерило?
Една од двете дополнителни активности се оптимални, се преку тоа може да биде преголем предизвик. Ако детето стане нервозно, деконцентрирано, раздраливо и уморно, или пак ако може да почне да попушта во училиште, запрашајте се дали е преоптеретено. Во такви ситуации треба да го поштедите од некои дополнителни активности па макар и на одредено време.
Децата дополнителни активности не би требало да ги доживуваат како обврски и оптеретување, до што доаѓа доколку не бираат сами што да тренираат и кои часови и курсеви да ги посетуваат. Секоја дополнителна активност треба да биде забавна, поттикнувачка, да ги мотивира, да поттикне креирање на работни навики и да гради самодоверба, па би требало на детето да му овозможите, со ваше мало усмерување, само да донесе одлука.
Дополнителната активност не треба да предизвика стрес и нервоза, да му биде оптеретување, туку нешто што ќе му донесе радост. Потребно е покрај времето за школо, има време и за учење и за воннаставни активности, детето да има време да се игра, забавува па дури и досадува.