Спречете го настанувањето на стрии по природен пат
Спречете го настанувањето на стрии по природен пат.
Здравиот и убав изглед на кожата во текот но и после бременоста можете да имате со помош на намирници кои доколку ги конзумирате ќе би помогнат во тоа.
За жал, губењето на стрии од кожа, па дури и со козметички интервенции е практично невозможно. Но, продолжувањето на настанување на нови стрии може да се спречи со помош на храната.
Списокот на намирници кои ја зајакнуваат кожата и ја прават по цврста се : зелка, морков, боранија, овесни снегулки, ананас, маслиново масло, портокали, риба, морски плодови, зелен чај, пиперка, црвено овошје, цитрон, сливи, јајца.
Тука е уште една намирница која не е само вкусна туку е и многу ефиаксна против настанувањето на стриите и целулитот а тоа е – печен компир кој треба да се конзумира заедно со кората.
Совет, пијте многу вода, најмалку 2 литри дневно. Потребно е да се избегнува газираната минерална вода и исто така секој ден да си направите навика да пиете зелен чај. Подеднакво важна е и физичката активноста,бидејќи ако седите многу, тогаш крвта и лимфата ќе стагнираат, а проблемите со кожа и тежина ќе бидат се повеќе истакнати и зголемени.