• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Средината и бебе – безбедноста 3 – Стратегии во спалната, дневната..
Средината и бебе - безбедноста 3 - Стратегии во спалната

Средината и бебе – безбедноста 3 – Стратегии во спалната, дневната..

Стратегии во спалната

1. Ако бебето е често во креветот на родителите, поставете странични држачи за да не дојде до пад.

2. Подобрете ја безбедноста  на просторот под креветот. Отстранете ги големите кутии што можат да го заглават бебето под креветот. Отстранете ги ситните предмети од кои бебето може да се задави.

Стратегии во дневната

1. Обезбедете го каминот, печката, доколку имате. Поставете решетки со кои ќе го спречите пристапот на бебето. Aко имате камин на природен гас, отстранете ги и ставете ги на сигурно копчињата за регулирање. Ако имате камин на дрва, кибритчиња (или другите средства за палење) чувајте ги надвор од доафатот на детето.

2. Ставете сунѓер или тапацир на острите агли и на ќошиња на ниските маси. Разгледајте ја можноста да ја смените четириаголната маса-или оние од стакло, метал, камен-со тркалезна и дрвена.

Стратегии во трпезаријата

1. Отстранете ги чаршавите од масата. Ако ставите чаршаф за оброк или за некоја забава, тргнете го веднаш потоа. Во случај бебето да го потегне, предметите одозгора  можат  да паднат врз него.

2. Сите алкохолни пијалици ставете ги во висок и заклучен ормар.

Стратегии при патување 

Кога сте некаде на пат, важно е да го направите новиот простор безбеден. Бебето нека биде под дополнителен надзор додека не го обезбедите просторот.