Средината и бебе – безбедноста – Стратегии во бањата
Стратегии во бањата
Во бањата има многу цврсти и потенцијално лизгави површини, па на бебето не смее да му се дозволи само да ја истражува. за оние моменти кога бебето ќе се најде во бањата заедно со родителите, преземете ги следиве безбедносни мерки.
1. Поставете посебна “брава ” на беце-школката. Навикнете се да го спуштате поклопецот на школката, а потоа заклучувајте го со бравата.
2. Отстранете го приборот за лична хигиена, Ставете ги лековите, лосионите , пастата за заби и течноста за плакнење уста во орманче надвор од досегот на бебето. Заклучете го орманчето за дополнителна безбдност.
3. Поставете заштитетен прекунувач со диференцијална струја (уѓте се нарекува и FID,RCD, GFCI и RCCB склопка). Овие уреди го прекинуваат колото и го запираат протокот на електрична енергија ако прекинувачот стане влажен или преоптоварен.
4. По употреба, исклучувајте ги електричните уреди од ѕидниот прекинувач и, по можност, раскренете ги.
5. Внимавајте да не оставате опасни предмети како жилети и празни шишиња од козметика во кантата за ѓубре.
6. Постелете теписон или черга на тврдите или пополочени површини.
7. Не заборавајте на безбедноста во кадата.