ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ
    СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ

    СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ

    Каснувањата од комарците обично не се опасни, но поради чешањето може да бидат непријатни, особено за бебињата и малите деца, кои тешко може да го контролираат чешањето. Летото е нашето најубаво годишно време, ама и период кога има највеќе комарци. Највеќе ги има околу реките, во шума, езеро, места со вода која многу стои. Комарците кои се на нашето поднебје не се многу опасни, и не пренесуваат некои сериозни болести. Каснувањето од комарец предизвикува црвенило, оток, плик, непријатно чешање. По каснувањето, најдобро е да се стави коцка мраз неколку минути, потоа да се намачка некое средство кое има смирувачко дејство и го намалува чешањето.

    Секогаш кога сте на отворено, децата облекувајте ги во облека со светла боја, затоа што се смета дека темната боја повеќе привлекува комарци, долги пантолони, чорапите и маица со долги ракави се исто така потребни.

    Најдобра заштита е:

    Во домашни услови користете заштитна мрежа за прозорците и вратите, на креветчето на бебето може да монтирате мрежа, исто и на количката, која ќе ги држи комарците подалеку од бебето. На пазарот постојат разни сретства кои заштитуваат од комарци. При изборот секогаш погледнете за која возраст е сретството (не е сите наменети за бебиња до 2 години), рокот на употреба и упатството за користење исто така треба да се провери (не се мачка на сите делови на телото, не се мачка на оштетена и иритирана кожа, се мачка во тенок слој).

    Постојат разни средства во вид на спреј, рол-он, гел, влажни марамчиња, ги има во разни димензии, практични се за патување и добро е секогаш да ги имате при рака.

    Во домашни услови постојат повеќе уреди кои ги бркаат комарците. Некои се користат со струја, а други е на батерии и може да се закачат за количката на бебето, гардеробата или торбата. За бебињата и малите деца секогаш е најдобро да купувате во аптека проверени и регистрирани средства.