
Среќа е да се биде татко
Наспроти некогашната пракса, денес татковците се почесто се трудат да бидат што повеќе вклучени во животот на своите малечки, почнувајќи од присуството на породувањето, менувањето на пелени и низ сите наредни фази на растење на децата. Некои од нив наведоа што е посебно за нив од кога станаа татковци.
Зошто сум среќен што станав татко?
- “Чувството дека добив дете и кога прв пат го држев во раце не може да се мери со ништо“
- “Секогаш сум одново среќен дека ја гледам малата верзија од себе“
- “Специјалните игри кои ги играме, а во кој мајката не е толку добра се посебно уживањe”
- “Гледањето на спортски натпревари доби сосем нова димензија од кога имам син. Имам чувство дека се доби нова димензија, додека го учам за правилата во спортот, а истовремено бодрењето ме враќа во детството“
- “Го сакам нашиот вечерен ритуал кога читаме бајки и разговараме“
- “Повторно имам причина да купувам колички и да си играм на тркачката патека“
- “Не сум тип кој сака теретана, но играњето фудбал со мојот син е бескрајно забавно, а освен тоа ја така ја одржувам и кондицијата“
- “Кога ќе се вратам од работа и ќе го видам син ми како ме дочекува со насмевка, сите стресови и нервози кој ги имам во текот на денот моментално паѓаат во втор план“
- “Конечно имам причина да купам рекети и да пробам да играм тенис”
- “Прекрасна работа е тоа што поминуваме низ некоја друга фаза, затоа што ја имам покрај себе таа мала личност која стално расте и се менува“
- “Сакам кога наутро ќе ја видам мојата ќерка помеѓу нас. Понекогаш дури и не забележувам кога навечер ќе легне помеѓу нас“
- “Всушност уживам кога навечер со шише хранам едно од близнаците”
- “Никогаш нема да го заборавам денот кога мојата ќерка прв пат кажа ТАТО”
- “Сега имам време да гледам повеќе епизоди од омилената серија, додека моето бебе ми спие на градите “
- “Кога мојот син добива пофалби на тренинг, се чувствувам многу гордо”