Што бебето сака да ви каже со рацете
На бебињата им е потребен тивок и нежен родителски пристап. Да би се чувствувало бебето добро, родителите треба да го прилагодат нивниот начин на живот со новиот член на семејството. Така ќе ги забележите порано и повеќе малите сигнали со кои вашето бебе ги искажува неговите желби, чувства и потреби. Со тоа што ќе одговорите на нив, подобро ќе придонесете за развој на здрава врска и поврзување. Ова е, всушност, почетокот на комуникацијата помеѓу вас и бебето.
Задоволно гугање
Овој звук бебето започнува да го произведува во приближно исто време кога започнува и да се смее. Тогаш тоа обично лежи во креветчето и изгледа совршено среќно. Гугањето е понежно, помирно и помек звук од смеењето, детето обично сака да ви каже дека се чувствува “како на седмо небо”, и дека му се допаѓа сето она што се случува во тој момент.
Како да му одговорите?
Продолжете да го правите она што го предизвикало гугањето. Обратете му се со нежен тон, и имитирајте го. На овој начин ќе му кажете дека сфаќате дека е среќно и дека сте радосни за тоа. Покрај тоа, секој пат кога вашето бебе ќе ви се обрати со гугање, запишете што ја предизвикало неговата среќа. така ќе знаете како да го смирите кога ќе биде немирно и плаче.
Ја стега тупаницата
Свесно затегнување на тупаница, кое обично започнува да се случува околу петтиот месец, значи дека бебето е премногу стимулирано и дека веќе тоа не се чувствува задоволно од она што и му го правите (скокоткање, играње, галење, бакнување …). Ова е пристоен начин на кој детето ви кажува да го оставите на мира. Тоа е уморно и само му треба пауза. Стегање на раката обично оди во “пакет” со превртување, вртење на главата на една страна.
Како да му одговорите?
Престанете со играта, односно со активноста за која вашето дете ви вели “доволно” и нека се смири. Во мирен, охрабрувачки тон, прашајте го: “Тоа е премногу, нели? Сакаш да се одмориш? “, А потоа подигнете го бебето во рацете и кога ќе почувствувате дека се одморило и опуштило, ставете го во креветчето.
Паметно плескање
Од осмиот месец, вашето бебе често ќе плеска со рацете. Повеќето родители сметаат дека тоа веројатно само аплаудира или изразува задоволство но, всушност, не е само во тоа работата: плескајќи со дланките една со друга, вашето бебе ви соопштува дека започнало да го контролира движењето, воодушевено е, и сака со вас да јасподели среќата.
Како да му одговорите?
Покажете му дека сте среќни за неговиот успех! Плескајте заедно, пеејте и покажете му некои начини на кои луѓето ги изразуваат задоволството и радоста: широка насмевка, подигање на раката во воздух, ширење на рацете за прегратка, и водете сметка секој гест што ќе му го покажете да е придружуван со среќна и весела реченица.