Што бебиња сакаат повеќе од играчките?
Празничното расположение едноставно нè мами да купиме подароци за нашите блиски и драги луѓе, и на секој родител првата мисла е – на кој подарок најмногу би се радувало моето дете? Можеби, до сега, самите сте стигнале до одговорот кој ќе биде потврден од искусни мајки и татковци – бебињата многу повеќе ги уживаат малите нешта за секојдневна употреба отколку скапите играчки.
Декоративни мали нешта
Веројатно сте забележале дека откако сте ја накитиле новогодишна елка, вашето бебе ја гледа со полн сјај. Оние кои имаат малку поголемо бебе им е добро позната сликата на весело мало дете кое фрла топки на подот, ги фаќа и упорно ги повлекува гранките на елката. Значи, ако имате неискористени украси, израдувајте го детето. Во спротивно ќе гледате како секојдневно се труди да ги стигне украсите на комодите или елката.
Декоративна хартија
Дајте му на вашето бебе некоја декоративна хартија и уживајте во радоста што сте му ја подготвиле.
Кутија, а можеби и две кутии
Без разлика колку се интересни (па дури и скапи) играчките, тие никогаш нема да можат да ја стават во втор план кутијата. Ако вашето бебе може да седне во неа, додека го држи некој друг, радоста е загарантирана.
Вашите клучеви
Немојте да мислите дека можете да ги подметнетешарените пластични клучеви на бебето што ги купивте во продавницата за играчки. Тоа не е она што тоа сака. Нив им требаат вашите клучеви, тие се малку поголеми, поцврсти, посјајни.
Мобилниот телефон
Го користат на најдобриот начин, за грицкање.
Далечински управувач
Уште од неговото доаѓање во светот, вашето бебе сфаќа дека далечинскиот управувач има “магична моќ”. Се чини дека секое бебе сонува да го присвои пред да забележите дека тој исчезнал од масата. Зошто не му го дозволи тоа задоволство, барем за еден ден?
Кујнски елементи
Вашето бебе ќе биде најсреќно во светот за да може да ги испразни сите кујнски елементи и да ги слуша звуците на “сударот” на тенџерињата и лажиците. За жал, секогаш постои некој кој го запира.
Без седиште за во автомобил
Вие сте свесни за тоа што се случува секој пат кога ќе се обидете да го врзете сигурносниот појас во седиштето на бебето во автомобилот. За бебето бо било сон да може да се вози надвор од седиштето.
Опашката на домашното милениче
За разлика од постарите бебиња, бебињата не се премногу заинтересирани за четириножни миленичиња. Иако, ако ја дофатат опашката која радосно мавта, тоа е забавно.