Што бебињата сакаат
1. Лицето на мајката
Кога вашето новороденче не спие, обично го поминува остатокот од своето време гледајќи во вас. Бидејќи бебето гледа само на 20-30 см, тоа е совршеното растојание помеѓу вашето лице и вашето малечко кога го храните. За два месеци, бебето го препознава вашиот лик и реагира на вашата појава со насмевка. Интересно е дека бебето првично го препознава обликот на главата, фризурата, брадата, а подоцна вашите очи, носот, устата.
Можеби мислите дека вашето новороденче не разбира, но зборувајте му колку што е можно повеќе со соодветни гестикулации. Прашајувајте го прашања и одговорајте му, правете смешни лица, кревајте ги веѓите и гледај како твоето бебе реагира на тоа. Повеќето прво ќе ве разгледаат, а потоа ќе се обидат да ги имитираат потезите.
2. Живи бои
Родителите често избираат светли, пастелни бои за гардероба, играчки, постелнина за најмалите … Сепак, истражувањата покажаа дека бебињата сакаат и уживаат во светли бои, особено во црвена, виолетова, сина боја.
Ова важи за бебиња од 3-4 месеци, бидејќи тие пред тоа не ги гледаат боите, само слаби контури.
3. Музика
Малечките едноставно го обожаваат звукот на ѕвона и музички играчки (особено оние кои се над креветот). Интересно, во најраната возраст на децата, тие покажуваат љубов кон одредена музика, додека некои такти им сметаат. Исто така, бебињата рано покажуваат дали имаат чувство на ритам, па некои бебиња прават движења што се целосно во ритамот на музиката, додека други се мрдаат без никаков такт.
Она што го сакаат сите деца е да создадат своја музика, за почеток тоа се тропалките, а подоцна и на првите музички инструменти.
4. Постари деца
Главната причина зошто постарите деца (околу 3 години)им се интересни е што тие имаат висок (писклив) глас кој е многу привлечен за бебињата. Исто така, она што дополнително ги освојува е движењето и емоциите, но исто така и поради тоа што се уште се мали и се слични со нив.
5. Допирите(мазење, скокоткање)
Бебињата уживаат во допир, особено при масажа и скокоткање, бидејќи на овој начин им давате дополнително внимание. Масажата на бебињата им е многу пријатна, додека скокоткањето ги забавува и возбудува. Помеѓу четвртиот и шестиот месец, реагираат на допир со смеа.
6. Далечински управувач
Дете обично покажува интерес за далечинскиот управувач од 16-тиот месец кога се обидува да ги имитира вашите постапки. Забавно му е да притиска копчиња со различни форми и бои и да забележи што се случува кога ќе притисне копче.
Освен далечинскиот управувач, на децата исто така многу интересни им се мобилни телефони што светнуваат, звонат, кога се притискаат, а уште поголем предизвик им е кога знаат дека несмеат да ги допираат.
7. Животни
Животните имаат неверојатен ефект врз бебињата. Ако имате милениче, детето чувствува дека го сакате, па затоа се чувствува безбедно. Исто така, повеќето родители кога ќе видат куче или мачка на улица ќе бидат воодушевени да го покажат на детето животното. Бебето чувствува дека живото суштество е повозбудливо од играчка, бидејќи неговите движења се непредвидливи, забавни и едноставно уживаат во гледање и играње со него.
8. Игри со криење
Игрите со криење се една од најсмешните игри за бебиња. Пред осмиот месец, детето мисли дека кога ќе се сокриете дека сте заминале и дека веќе не сте таму. Меѓутоа, со 9-10 месеци, децата знаат дека сте тука, со нетрпение чекаат да се појавите или да ве бараат вас. Со време бебето само ја започнува оваа игра, тоа ги става рацете на очите или се крие зад работите со намера да ве изненади
9. Светлуцав накит
Светлуцавите работи го привлекуваат вниманието на детето, секако обетките што висат, но и ѓерданите. Накитот блеска во светлината и бебето не може да го одвои погледот, дури и се обидува да го дофати. Таквите реакции се можни од четвртиот месец, па бидете внимателни, бидејќи во овој период бебето ги испитува предметите со ставање во уста.