• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Што би требале да избегнувате во исхраната на бебето во првата година
Што би требале да избегнувате во исхраната на бебето во првата година

Што би требале да избегнувате во исхраната на бебето во првата година

Доколку сакате да ги избегнете алергиските реакции на некои од овие намирници, најдобро е да почнете да ги користите во исхраната на бебето после првиот роденден…

Кога на бебињата им се воведува цврста храна, се воведува постепено и по препорака од стручни лица. Секоја мајка со тек на време прави свој единствен пристап на хранење на детето и се труди да одговори на неговите потреби.

Иако листата на намирници кои бебето смее да ги јаде по навршена една година е прилично долга и обезбедува внес на најнеопходните хранливи состојки, треба да се обрати внимание и на намирниците кои по правило не им се даваат на бебињата пред првиот роденден.

Список со намирници кои не се препорачливи во првата година од животот на бебето се:

-мед;

-чоколадо;

-белка;

-јагоди, малини и капини;

-цитруси;

-лешник, орев, бадем и кикирики;

-квасец;

-еурокрем;

-какао;

-школки 

Имајте во предвид дека за растот и развојот на детето многу е важно паметно и внимателно да ги одбирате намирниците и на време да створите здрави навики на хранење.