
Што да се направи за бебето подобро да спие
Сонот на бебињата им е потребен исто како и храната и љубовта
Зошто е важен сонот за бебето?
На бебињата сонот им е потребен за да се одморат и да направат рекапитулар на претходниот ден-исто како и возрасните, со тоа што бебињата растат и учат поинтензивно, што го исцрпува организизмот на малите бебиња. Сонот на бебињата им е потребен исто како и храната, љубовта и негата. На родителите исто така добро им доаѓа одморот додека нивното ангелче спие.
Право место
Како и возрасните и бебињата сакаат да имаат свое удобно, чисто и топло место за спиење. Во почеток ќе мислите дека бебето може да спие каде и да го оставите, многу брзо ќе ви покаже каде му се допаѓа а каде не. Во почеток вашето новороденче ќе покаже страв од просторот во креветчето кое сте му го намениле. Тоа нека не ве чуди, бидејќи тоа е мало а креветчето многу големо. Најдете му некое помало место , стара колевка, корпа, количка, носилка…
Смирувачки движења
Додека бебето било во стомакот, сте забележале дека било помирно додека сте се движеле, а дека почнувало да се движи кога вие малку ќе седнете да се одморите.
Затоа, кога сакате да го смирите бебето, земете го и лесно нишкајте го или лулајте го-тие движења се совршени за спиење.
Смирувачки звуци
Додека било во вашиот стомак бебето го забавувале и смирувале отчукувањата на вашето срце, кркорењето на стомакот и вашиот глас. Сега не можете да му ги обезбедите сите тие звуци, но не го оставајте во тишина. Бебето е навикнато на звуци во позадина и обезбедете му го тоа. Најдобри се играчките кои ја повторуваат истата смирувачка музика. Нека се слуша во другата соба телевизорот, музика или некој од апаратите за домаќинство, кои не прават галама туку само зујат (вентилатор, аспиратор и сл.)
Собата на бебето
Ако бебето нема своја посебна соба, спалната соба е сосема во ред за ноќното спиење. Тишината и мирот потребни се за здрав сон на бебето. Сепак, немојте многу да се одалечувате од бебето, за да може да го слушнете кога ќе плаче, за да не дојде до страшно хистерично плачење.
Дневна дремка
Ако бебето не се наспало доволно во текот на денот, кога ќе дојде време за спиење може да биде нервозно и да се бори во сонот. Погрешно е тоа што некои мајки, ако не спијат бебињата ноќе ги држат будни преку ден. Во ваков случај спиењето треба да се ограничи.
Доволно свеж воздух во текот на денот допринесува за добро ноќно спиење. Затоа често проветрувајте ја собата на бебето.