• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Што да се прави кога баба и дедо им даваат на децата премноги слатки?
Што да се прави кога баба и дедо им даваат на децата премноги слатки?

Што да се прави кога баба и дедо им даваат на децата премноги слатки?

Кога вашето дете го чуваат бабите и дедовците, тоа време ќе биде исполнето со огромна и взаемна среќа и задоволство. Вие се  ​​чувствувате безбедно, бидејќи знаете дека на вашето дете нема да му фали ни влакно од косата на главата ” но кога е исхраната во прашање, знаете дека во овој случај, нема баш да се придржуваат кон вашите правила .

 

 

Слатки и грицки за време на нивниот престој со бабите и дедовците веројатно ќе се јадат во многу поголема количина од вообичаеното и ќе им биде се дозволено.

 

За детето, оставањето кај баба и дедо се идентификува со слобода, а за родителите со излегување од колосек. Баба, дедо и  слободата и се засекогаш врежани во споменот на детството на секој од нас.

 

Ако бабата и дедото повремено го чуваат вашето дете, не ги обвинувајте и дозволете им  да уживаат во среќа, задоволство, слобода и нутриционистички отстапки. Кога сте сигурни дека вашето дете секој ден дома  ги добива сите потребни хранливи материи, не постои причина за загриженост со повремени отстапувања од правилата.

 

Друга ситуација е ако бабата и детето го чуваат детето неколку дена во неделата или секој ден. Она што се работи секој ден, неизбежно се претвора во навика. Значи, многу е важно да зборувате со бабата и дедото на смирен начин и да направите заеднички план:

 

На бабата и дедото треба да бидат јасно наведено ако вашето дете има некој здравствен проблем кој бара одредена исхрана.

Убедливо, веродостојни, детално и сликовито објаснете им за постоечката чувствителност на одредени видови на храна и кои се последиците од прекумерното изложување на нив, како што се дигестивни проблеми (надуеност, грчеви, болки), запек или главоболка и “хиперактивност” (прекумерна количина на шеќер).

Ако вашата исхрана во многу нешта се разликува од исхраната на вашите баби и дедовци, не  очекувајте дека тие ќе  подготват јадења слични на вашите. Во овој случај или подготвувајте јадења, она што сакате вашето дете да јаде или точно усогласете се со бабите и дедовците што да зготват.

Повремени безвредни испади од правилата нема да повредуваат никого, но ригидноста може. Затоа е важно да се постигне заедничка цел со заеднички договор. Без оглед на огромната желба на  бабите и дедовцина  внуците да им удоволат во секој поглед, желбата за здраво внуче конечно преовладува.