ШТО ДА СЕ ПРАВИ КОГА БЕБЕТО ЌЕ СЕ РАЗБОЛИ НА ЛЕТУВАЊЕ
Ако деновиве планирате да патувате со мало бебе, сигурно сте окупирани со илјада и едно прашање
Бебињата и децата уште немаат доволно развиен имунитет па се подложни на разни, воглавно болести кои брзо поминуваат.
Летната сезона е во тек. Иако временските услови се многу променливи, одлуката да се оди на одмор во повеќе семејства со мали деца веќе е донесена, па сакале или не, куферите мораат да се наполнат.
Ако сте родители кои ќе патуваат со мало бебе, илјада и една работа ви е на ум-татковците најчесто се задолжени за превозот, припрема на автомобилот, документите, додека мајките се грижат за сите работи кои се потребни за бебето, како храна, гардероба, заштита од сонце…
Сепак, младите родители, највеќе ги загрижува здравјето на нивниот наследник. Поради тоа најважна работа во припремањето за одмор е патната апотека, здравственото осигурување и секако советите на педијатарот.
Имајте го следното на ум:
Бебињата и децата уште немаат доволно развиен имунитет па се изложени на разни, воглавно болести кои поминуваат. Така на пример, проливот, повраќањето, температурата, инфекциите и алергиите најчесто ги погодуваат малите деца па помалку или повеќе припремете се пред тргнување на пат.
Промената на средината, колку и да е корисна, на малите деца им предизвикува одреден вид на стрес, што се чувствува на имунитетот.
Тоа што треба да го правите е да ги слушате советите на педијатарот кои ви се дадени, за да ги избегнете несаканите појави и со тоа одморот да ви се претвори во посета на лекарската ординација.
Користете ги лековите од прирачната апотека која сте земале со себе, во склад со советите на лекарот. Запомнете: антибиотиците не се лек за се, не ја симнуваат температурата и немаат егфект на вирусните инфекции.
Ако сепак ве погоди нешто од горенаведеното, треба да отидете кај лекар во местото каде што летувате. Во случај да сте во странство, патното здравствено осигурување ќе ви биде од корист.