ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Што децата учат преку игрите
    Што децата учат преку игрите

    Што децата учат преку игрите

    Песочни игри

    Децата сакаат да си играат во песок, и на плажа и на игралиштето. Тие уживаат во копање, пресипување песок од еден сад во друг, во трет, додавајќи вода …

     

    Што се учи преку оваа игра: Игрите во песок ги охрабруваат децата да истражуваат и да учат за причините и последиците (што се случува кога ќе истурат вода врз песокот?),се развива фината моторика, правејки различни форми со помош на модли, ги научат основите на математика (како од една голема кофа можат да се наполнат две) …

    Сложувалка

    Кога купувате сложувалка, бидете сигурни да е прилагодена за возраста на детето, бидејќи постојат различни типови. За почеток, потребна е слика која лесно може да се состави и која нема многу делови.

     

    Што се учи преку оваа игра: Сложувалките бараат апстрактно размислување: способност да се види празно место и да се предвиди кој дел припаѓа таму на сложувалката. Исто така, се развива и фината моторика.

    Игри надвор

    Детето на игралиштето ги добива првите другари и учи на различни социјални вештини

    Трчање, лулање, клацкање, пуштање по тобоганот – еден од омилените начини за детето да помине дел од денот. Освен што си игра, првите другари исто така се стекнуваат на игралиштето.

     

    Што се учи преку оваа игра: Детето преку игра со другите деца учи социјални вештини, делување и чекање на ред, комуникација, однесување во општеството и развој на моториката, физичка активност …

    Коцки

    Коцките и објектите за градење се една од најомилените игри на сите момчиња, но исто така и девојчиња. Ова е добра основа за децата да ја засакаат математика, уметноста и науката, затоа што тоа е првата играчка преку која тие учат за гравитација, рамнотежа, тежина, симетрија …

     

    Што се учи преку оваа игра: Со изградба на предмети со помош на коцки ја развива фината моторика и имагинација, креативноста, чувство на убавина. Исто така, преку оваа игра, децата покажуваат колку се иновативни и независни.

    Книги

    Читање на приказни и бајки кои се соодветни на возраста е забавен начин за децата да научат некои нови зборови, правилен изговор и значење.

     

    Што се учи преку оваа игра: Децата учат јазични вештини и го збогатуваат својот речник, и без оглед на тоа дали некој им чита или само гледаат во сликите, уште на рана возраст се развива долгорочен интерес за читање. Исто така им дава инспирација за играње и за фантазија.

    Музика

    Без оглед на тоа дали тие се слушаат или прават музика, децата уживаат во оваа активност, освен тоа, тоа е забавен начин да се научат нови вештини.

     

    Што се учи преку оваа активност: Музиката им помага на децата да ги поврзат звуците и движењата, со нивниот внатрешен свет, посебно со нивните чувства и доживувања. Со слушање учат да прават разлика помеѓу брзо и бавно, гласно и тишина … Додека свират на инструмент независно на кој се развива фината моторика, координација на движења, како и самооценување.