• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Што го забавува едногодишно дете?
Што го забавува едногодишно дете?

Што го забавува едногодишно дете?

Ако сеуште не оди, а не е далеку од тоа, сета забава и игра на вашето едногодишно бебе е сеуште во познатото подрачје, главно на подот. И дури и ако проодело, истражувањето е најважниот дел од денот.

На повеќето деца на таа возраст не им требаат играчки, особено оние што не се скапи, кои имаат безброј функции и можности, бидејќи детето може да се забавува одлично со празна кутија.

Еве листа од 10 “омилени” работи што едногодишните деца просто обожаваат да ги прават.

1. Извлекување влажни марамчиња /или марамчиња за носот од пакетчето.

2. Да дофатат очила … тогаш тие ќе видат што ќе им се случи.

3. Да извлечат сè од фиоките, кујнските елементи …

4. Чепкање на носот.

5. Носење гардероба низ куќата, на глава … комбинациите се бескрајни.

6. Блегување и седење во кутијата за играчки.

7. gffdjfghgkjztui546436434 “: >> Во преводот, сè што има врска со тастатурата на компјутерот: допирање, притискање на копчиња, влечење на глувчето …

8. Пробување на  храна за миленичиња.

9. Разместување на мебелот и мали работи од полиците, масата …

10. Одмотување и развлекување на сите тоалети што се во ролна.