ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Што кажуваат познатите стручни лица за воспитувањето: Родителите ги плаќаат своите грешки веќе во третата и четвртата година од животот на детето
    ШТО КАЖУВААТ ПОЗНАТИТЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ВОСПИТУВАЊЕТО: РОДИТЕЛИТЕ ГИ ПЛАЌААТ СВОИТЕ ГРЕШКИ ВЕЌЕ ВО ТРЕТАТА И ЧЕТВРТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ НА ДЕТЕТО

    Што кажуваат познатите стручни лица за воспитувањето: Родителите ги плаќаат своите грешки веќе во третата и четвртата година од животот на детето

    Воспитувањето на децата е најголема уметност. Во оваа, како и во сите останати уметности, потребен е талент, работа и многу љубов, кажуваат познати професори од оваа област.

    Со време ни се наметнати насилството и поткупувањето на децата како мерка на воспитување кои не можат да донесат ништо добро во воспитувањето. Поради тоа родителите плаќаат поради грешките веќе во третата и четвртата година на своето дете затоа што не можат да владеат со детето.

    “Каде што има ќотек, има и страв, каде што е стравот таму нема љубов.”

    Ние сме многу скромен народ, и моделот на овие простори е традиционално семејство (од какво што потекнуваат повеќето од родителите). Во него нема поткупување на децата, јасно се знаат правилата, има казни и карање, но кога детето ќе порасне ќе сфати дека родителите му мислеле само добро. Со текот на времето ни се наметнува насилството и поткупувањето на детето.

    Во традиционалното семејство детето мора да ги почитува правилата и нема поголеми проблеми, децата се послушни и сфаќаат дека учителот и родителот се во согласност едни со други.

    Децата се раѓаат со внатрешна мотивираност, добрина и љубов во себе. Родителите не треба тоа да го менуваат, но го прават тоа кога ќе го стават детето во процес на дресирање со стап. Денес родителите така ги научиле децата да не прават ништо без да бидат наградени.

    Родителите ги плаќаат своите грешки веќе во третата и четвртата година затоа што не владеат со децата. Технологијата, таблетите и телефонот имаат контрола над најмладите. Децата од шест месеци на кој им даваме таблети во раце ќе пораснат во луѓе со многу проблеми. Денес дури и заболекарот има контрола над нас.

    Прво заболекарот го прашува родителот дали на детето му ветил нешто за да седи мирно на столицата. Ако не му е ветено ништо родителот мора да седне со детето во забарската столица и да го стегне цврсто. Со такво однесување не сме во можност да ги развиеме вродените потенцијали на детето. Новите генерации веќе кажуваат “каков брак, не доаѓа во предвид”. Тоа веќе сега го кажуваат и децата од 12 години.