
Што кога цуцлата ќе падне на подот?
Доколку сте од оние кои веднаш ја стерилизираат цуцлата која на вашето бебе му паднала на подот, за вас имаме неколку новини. Стручните лица велат да не го правите тоа, туку да превземете нешто сосема несекојдневно, што на прв поглед не делува убаво.
Цуцлата е подобро да ја исчистите со вашата плунка, отколку веднаш да ја стерилизирате, барем така велат научниците. Тие тврдат дека нашата плунка е подобра и од испирањето на цуцлата со обична вода, освен нормално ако не паднала во кал, во некое легло на бактерии, wc шолја… Но ако паднала на релативно чист под, без паника, истата можете да ја излижете.
До тој заклучок дојдоа стручните лица од Шведска кои го проучуваа овој познат родителски феномен и пробаа да сфатат дали мајките грешат или можеби ризикуваат кога детската цуцла ќе ја исчистат со својата плунка.
Резултатите за многу брзо станаа “литература” на релевантните институции и стручните портали, па така и во магазинот “Pediatrics” родителите се советуваат да не креваат премногу паника околу валканата цуцла.
Децата се инаку во состојба да излижат се и сешто, затоа што се ставаат во уста, но тие цуцли колку и да се подложни на бактерии, всушност се добра работа за имунитетот на детето. Затоа дури и се советуваат родителите да престанат толку често да им ги дезинфицираат рацете на своите бебиња, да им забрануваат да ги ставаат во уста и тоа од иста причина како и за цуцлата.
Имено, со зголемената количина на добри бактерии (кои ги има доста во усната шуплина се создава посилен отпор на организмот и се намалува ризикот од појава на алергии кај децата, од разни екцеми до астма.
Нормално, тоа не се однесува на родителите кои имаат херпес или некој друг вирус, како ни доколку цуцлата падне на многу валкан под или под преполн со хемикалии. Но, во сите останати случаи плунката на мајката и таткото е здрава и за детето. А со сите тие добри бактерии детето многу брзо ќе стекне имунитет, дури и на посилни алергени како што се влакната од мачка, некои останати паразити и сл.
За да го поткрепат следното, научниците собрале податоци за бебиња и деца до три години. Критериумите биле следни: дали родителите често ја лижеле цуцлата и ја враќале кај бебето во уста, дали секогаш ја переле цуцлата со вода или дали ја стерилизирале пред да ја вратат кај бебето во уста.
Резултатите покажале дека групата на деца чии родители не гледале панично на чистотата на цуцлата во многу мал број на случаи имале некоја алергиска реакција, а уште поретко астма, во однос на децата со исчистени цуцли.
Ова е заклучок кој подолг временски период се зборува во педијатриските кругови, како и тоа дека стерилното опкружување носи повеќе штета од корист, но кога е во прашање лижењето на цуцлата, многу мајки ќе кажат дека без оглед на многуте сознанија сепак не би ја лижеле цуцлата пред да му ја вратат на бебето во уста.
Затоа останува прашањето дали таквите мајки се навистина гадливи или навистина веруваат дека со малкуте бактерии од подот ќе наштетат на здравјето на нивното дете.
Всушност, никој не советува цуцлата да ја излижете секогаш и сегде (шопинг центар, тротоар, парк), туку во својот дом или во природа.