
Што навистина децата сакаат да ни кажат? Листа на едно дете
Пробајте да го разберете своето дете и да го направите среќно. Ова е една од најважните задачи на секој родител. Но тоа често не е така лесно! Погледнете ја занимливата листа на работи кои децата би сакале и би биле многу среќни доколку ги знаеме.
Листата е замислена како обраќање на петгодишно дете кон своите родители.
1. Немој да ме размазиш.
2. Не се плаши да разговараш со мене отворено
3. Немој да дозволиш да стекнам лоши навики – одвикнување од нив ќе ми биде многу тешко
4. Не дозволувај да се чувствувам како моето мислење да не е важно, во тие моменти не сакам да се однесувам лошо. Тоа би требало да го знаеш.
5. Не ме поправај и карај во присуство на луѓе. Многу е подобро информациите и направените грешки да ми ги кажеш во четири очи.
6. Не прави атмосфера моите грешки да ги доживувавм како многу страшни
7. Не ме штити постојано од последиците на моите постапки. Треба да научам дека за секоја акција постои и и реакција.
8. Не давај внимание на моите зборувања кога сум само. Понекогаш сакам да зборувам само со себе.
9. Не се навредувај кога ќе кажам дека те мразам. Не те мразам, туку се бунам на твојата властитост.
10. Не ми повторувај по 100 пати. Доколку продолжиш така ќе се однесувам како да не те слушам.
11. Немој да даваш нереални очекувања. Ќе ми биде тешко доколку не ги исполниш.
12. Не заборавај дека јас не можам во потполност да објаснам што чувствувам.
13. Не барај од мене да бараш вистина кога се лутиш, од страв можам да те измамам.
14. Немој да бидеш непостојана…тоа ќе ме направи лош човек.
15. Секогаш на моите прашања, давај ми одговори. Јас секако ќе пробам да ги пронајдам одговорите, па ако треба и на друго место.
16. Не ми кажувај дека моите стравови не се важни. За мене се многу важни, не се мали и стануваат многу поголеми кога ти тоа не го разбираш.
17. Не се претварај дека си совршена особа која никогаш не прави грешки. Многу тешко ќе ми падне кога ќе сфатам дека не е така.
18. Немој да мислиш дека е недостоинствено да ми се извиниш. На тој начин ме учиш и јас така да се однесувам.
19. Не заборава дека брзо растам. Ќе мораш често да правиш отстапки и да се прилагодуваш.
20. Немој да ми забрануваш да експериментирам. Без тоа, не можам да се развијам.
21. И како последно, запомни, дека јас не можам да израснам во среќен човек доколку во домот не ја чувствувам љубовта и не се чувствувам сакано многу, многу…Но ти тоа веќе и го знаеш.