Што се не смее да јаде бебето помало од една година
Погледнете го списокот со намирници кои можат да бидат опасни за вашето бебе.
Една од главните пресвртници за родителите е моментот кога бебето ќе почне да јаде цврста храна. Сепак, дали сте свесни за сите опасности кои тоа ги носи?
На децата треба да им допуштите да ја истражуваат храната, но притоа треба да имате на ум дека постојат намирници кои треба да се избегнуваат додека детето не наполни барем една година.
Мед
Медот треба да се избегнува затоа што истиот може да предизвика да се развие ботулизам. Ботулизмот е ретка, но тешка болест, која ја предизвикува анаеробната бактерија Clostridium botulinum, која ствара спори и токсичен отров, а последиците за бебето помладо од една година се сериозни.
Путер од кикирики
Овој производ може да предизвика сериозни алергиски реакции. Освен алергии, путерот од кикирики е многу опасен, затоа што тоа е густа леплива смеса која може да предизвика гушење.
Грозје
Грозјето може да биде добра закуска за вашите малечки, но дури кога ќе станат малку повозрасни. Грозјето претставува ризик за истите затоа што со него многу лесно може да се предизвика гушење.
Чоколадо
Секое бебе би сакало да добие парче чоколадо. И ако мислите дека тоа не е лоша идеја, сетете се дека во чоколадото има кофеин и млеко, што децата помлади од година тешко може да ги сварат.
Тврди бомбони и пуканки
Бомбоните, вклучувајќи ги и лижавчињата, најдобро е да ги одложите додека детето не биде доволно возрасно за самостојно миење на забите, додека пак пуканките можат да бидат сериозен причинител за гушење, така што немојте да им ги давате на децата помлади од една година.