ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Што прават бебињата во стомакот?
    Што прават бебињата во стомакот?

    Што прават бебињата во стомакот?

     

    Научниците откриле, со помош на 4D ултразвук, дека бебињата во матката не само икаат, голтаат и се протегнуваат, тие, исто така, и зеваат.

    Научниците кои со четири-димензионален (4D) ултразвук на испитувале 15 здрави бебиња, верувуваат дека зевањето има важна улога во процесот на развој на фетусот, и дека преку него во иднина лекарите може да се провери здравјето на бебето.

     

    Некои научници не веруваат дека бебињата зеваат, туку само случајно ја отвораат и затвораат устата.

     

    Психологот Надја Рајсланд која со истражувачкиот тим на Универзитетот во Дурам, Велика Британија, ја спроведе оваа студија, е убедена дека сепак станува збор за прозевање. Таа рече дека функцијата и значењето на зевање за фетусот се уште е непозната, но врз основа на резултатите од истражувањето може да се заклучи дека тоа е поврзано со развојот на фетусот и дека поради тоа може да обезбеди индиции за здраво на неродено бебе.

    За разлика од нас, бебињата во матката не зеваат заразно, ниту затоа што се поспани “, изјави британскиот психолог, додавајќи дека зачестеноста на зевање има врска со созревањето на мозокот во рана фаза од бременоста.

     

    Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието PLoS ONE, беше спроведено на 15 бебиња – осум девојчиња и седум момчиња, кои се снимени четири пати од 24-36 недела од бременоста.

     

    Научниците откриле дека зевањата стануваат поретки по 28 недела од бременоста и дека не постои значајна разлика меѓу момчињата и девојчињата.