ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Што прават татковците на пораѓајот?
    Што прават татковците на пораѓајот?

    Што прават татковците на пораѓајот?

    Како идниот татко може да ја поддржи својата партнерка во тек на пораѓајот?

    Одговорот на прашањето што татковците треба да прават во тек на пораѓајот е многу едноставен – едноставно да бидат тука за својата партнерка. Звучи едноставно, но воопшто не е лесна задача, особено доколку таткото за прв пат се соочува со истиот.

    Многу е важно да зборувате со партнерот за вашите очекувања од пораѓајот, за вашите планови, но и за тоа како ја гледате неговата улога во тек на пораѓајот. Размената на мислења, очекувања и разговор за потенцијалните ситуации во кои можете да се најдете ќе ви помогнат да го намалите стресот на кој може да бидете изложени.

    Што се вашиот партнер (идниот татко) може да прави во тек на пораѓајот?

    1.Да ви прави друштво и да ви помогне полесно да минете низ првите часови од пораѓајот.

    2.Да ве држи за рака, да ви го брише лицето и да ви додава вода.

    3.Да ви го масира грбот и рамениците и да ви помага при менување на положбата.

    4.Да ви пружи емотивна поддршка во поодмината фаза од пораѓајот.

    5.Да ве потсетува како да се опуштите, дишете и по потреба да ви прави друштво во дишењето.

    6.Да ги поддржува вашите одлуки во тек на пораѓајот – на пример при барање на епидурал (дури и ако тоа не е планирано).

    7.Да ви ја олесни комуникацијата со сестрите и лекарите и по потреба да им пренесува кои се вашите моментални потреби или прашања.

    8.Да ве известува за состојбата на бебето по пораѓајот, доколку вие не ги добиете сите информации или не можете да го видите бебето толку блиску како тој.

    Одлуката за тоа дали партнерот треба да присуствува на пораѓајот е индивидуална и партнерите мораат да се сложат во нивните желби. Кога на татковците им е појасно како можат да бидат од помош за својата сопруга и на бебето, можеби и полесно ќе се одлучат за овој голем и храбар чин.