
ШТО СЕ МУ ТРЕБА НА ВАШЕТО НОВОРОДЕНЧЕ?
Пред да тргнете да купувате, направете список на работи кои ќе ви требаат одма по раѓањето на бебето. Повеќето работи за бебињата изгледаат неодоливо, но не претерувајте бидете рационални, а во секој момент можете дополнително да дoдадете од опремата која ќе ви затреба. Сепак, постојат работи кои секако треба да ги имате пред да тргнете да се породите.
Облека за новороденчето
Памучно боди, најмалку 10 парчиња (морате да земете во предвид дека новороденчето често бљуцка, па бебето ќе морате почесто да го пресоблекувате. Колку повеќе бодиња имате поретко ќе ги перете. Ако имате можност набавете боди-бенкици кои не се облекуваат преку глава)
Шпикозни, едноделно оделце, 5 парчиња, едноделни пижамчиња 2-3 парчиња, памучни капчиња 2 парчиња (потребна е една и за излегување од породилно.), памучни чорапчиња 2-3 пара (посебно ако имате зимско дете), памучни пантолончиња со затворени ногавички 2 парчиња, памучни маички 2 парчиња.
Во беби центарот знаат дека да се биде родител значи да се чекори по патот полн со изненадување, многу среќен, напорен и прекрасен. Понекогаш страшен, а понекогаш најубав. Секогаш добро доаѓа уште една рака и една насмевка, затоа што не се може се сам.
Опрема за животот со бебето
Платнени тетра пелени, 20 парчиња (ќе ви бидат потребни како заштита поради подригнувањето и бљуцкањето, како подлога за главчето на бебето, а може да се користат и за широко повиткување ако е потребно).
Еднократни пелени, во почеток 10 парчиња дневно.
Два комплета постелнина
Памучно ќебенце, 2 парчиња
Детско креветче
Маса или подлога за пресоблекување
Патна подлога за пренесување
Автоседалка
Количка
Носилка (транспортер)
Кадичка за капење
Термометар за во вода
Памучни беби пешкири, 2 парчиња
Се за хигиена и нега
Влажни марамчиња
Благо детско сретство за капење, за капење можете да користите и неколку капки маслиново или бадемово масло.
Памук и газички
Крем за газето
Стапчиња за уши со подебел врв за бебе
Физиолошка течност
Антибиотски прашак (за нега на папчето)
Стерилни гази, 20 парчиња (за нега на папчето)
Пумпа за носето
Ножички со тап врв
Дигитален топломер
Што уште би можело да ви затреба
Вреќа за спиење
Мека четка за коса
Бебешки телефон
Ноќна ламба
Овлажнувач за воздух (во зима кога е воздухот доста сув)
Мобил (играчка која се става на креветчето на главата на детето и помага за да се смири и да заспие бебето)
Беби гум (подлога за играње).