Што се случува кога децата тешко можат да разликуваат помеѓу “лево” и “десно”?
Следете ги инструкциите за патување, трчање кон правата страна во спортот или пак вртење со велосипедот на десно – тоа може да биде тешко, ако не знаете точно каде е десно а каде лево. Како децата ја учат разликата и како да го надминат проблемот на заменување на страните кој што многумина го задржуваат и во зрелоста.
Разликата за лево и десно е вештина што децата ја учат со текот на времето. Сепак, не ја совладуваат сите – околу 20 до 30% од возрасните имаат проблем со страната незнаејки која е која или мора секој пат накратко да се преиспитаат. Со малку упорност, овој проблем може да се олесни дури и во детството.
Зошто некои деца имаат проблем?
Еволуциската педагогија на Андрес Андер верува дека проблемите со страните се најчести во раниот детски развој. Доколку одредени гестови и движења, како што е ползењето, држење и лулање во рацете на родителите, тркалање на подот, фаќање и дофрлање, проодувањето … не се практикуваат или не се доживеат доволно, тоа се одразува негативно врз способноста на просторна ориентација, односно да се прави разлика помеѓу лево и десно.
Проблемот со дефинирање на страната е често безопасен и на таквите деца им треба само стотинка подолго од другите за да се одреди страната. Но, понекогаш овој проблем е еден од знаците на АДХД.
Понекогаш тоа се случува и со проблемот на дислексија во која детето тешко ги поврзува звукот со буквите со нивниот графички симбол. Некои деца кои имаат проблем со лево / десно пишуваат со двете раце и не се потпираат само на едната, имаат проблеми со концентрацијата и пресметување или разбирање на прочитаните текстови.
Јасно е дека проблемот со разликување на страните лево / десно, треба да се гледа во севкупниот контекст со други симптоми, со цел да даде какви било сериозни заклучоци.
Како се учи лево / десно
Вежби преку движење
На детето кое го има овој проблем може да му се помогне со вежби кога се движи, физички ја истражува просторијата и ги зајакнува сите концепти на горе и долу, напред и назад, лево и десно … Можете исто така да ги правите овие вежби:
Додека стоите со вашата лева рака свиткана допрете го коленото на десната нога.
Додека стоите, кренете ја левата рака странично нагоре и кренете ја десната нога на ист начин. Промена на страните.
Кога ја преминувате улицата, секогаш повторувајте му на детето дека прво мора да се погледне лево, а потоа десно.
Вежби низ игра
Барај: “Што гледате лево од дрвото?” “Каде е чашата – лево или десно од чинијата?”
колаж: Дајте му на детето стара хартија и нека ги отсекува сите десни чевли и ставете ги на една хартија. За секој точен чевел добива еден бод. Понекогаш проблемот е што го изложуваме детето на двете страни. Затоа пробајте неколку дена вежби само на пример на левата страна, а потоа повлечете надесно.
Белегзија: заврзете му на детето белезгија на левата рака и постојано прашувајте го на која страна ја носи белезгијата.