ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МОЗОКОТ НА МАЈКАТА КОГА НЕЈЗИНОТО ДЕТЕ ПЛАЧЕ
Врската помеѓу мајката и детето е чудесна, истражувањата покажуваат дека многу работи се случуваат во мозокот на мајката кога нејзиното бебе плаче.
Мајките се многу осетливи на плачењето на детето, а таа осетливост е последица на делување на хормонот окситоцин. Тој учествува во многу процеси поврзани со мајчинството-го потикнува процесот на породилни болки и нивниот интензитет, но го подржува и произведувањето и отпуштањето на млекото кај доењето; штом мајката го слушне плачењето на бебето, окситоцинот автоматски се лачи и го потикнува надоаѓањето на млекото. Поред тоа, окситоцинот позитивно влијае на расположението на мајката, го смалува стресот и го зголемува позитивното чувство како веселост и среќа. Овие чувства ја зајакнуваат поврзаноста помеѓу детето и мајката и ја претвараат нивната врска во нешто сосема посебно. Дека тоа е така, потврдува и фактот дека мајката е способна да го распознае плачот на своето бебе и во бука од други звуци или пак ако плачењето е тивко и далеку, што останатите луѓе не можат да го слушнат.
Плачот на детето е многу непријатен за мајката
Сите сме имале прилика да слушнеме како бебето неутешно плаче и не може да се смири. Колку и да е малечко, тоа може толку гласно да вреска па ретко кој може да остане рамнодушен. Но за неговата мајка, тоа плачење не е само гласно и неубаво, тоа е неподносливо. Плачењето на бебето во телото на мајката активира аларм со порака ИТНО! Тие се во состојба да слушнат што сака нивното бебе, дали се работи за грчеви или глад, замор или желба за прегратка.
Мајките се најосетливи на плачењето и врескањето на своето бебе. Тоа е и научно докажано. Научниците тоа го откриле кај мајките на глувците посматрајќи ги кога нивните глувчиња испуштааат звуци. Во мозокот на мајката во тој момент се забележува нагло и значајно зголемување на окситоцинот, додека кај машките глувци во тој момент не се чувствува никаква промена. Тоа не значи дека татковците не реагираат на плачењето на детето. Но зборува дека хемиската реакција во мозокот на мајката делува како многу софистициран сензор кој и овозможува на мајката веднаш да одговори на потребите на своето бебе. Концентрацијата на окситоцинот во мозокот на машките глувци, интересно е дека се зголемувала со текот на времето што го поминале со мајката и детето.
Едно друго истражување ја испитувало активноста на мозокот на 18 жени и мажи при гласно плачење на бебето. Со скенирање на мозокот се покажало дека кај жените веднаш се зголемува будноста и спремноста. Додека жените за неколку секунди биле во полна ментална спремност во машкиот мозок немало никакви промени. Значи, мајките се дефинитивно тие што природата ги одредила брзо и ефикасно да се грижат за својот подмладок.