ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Што значи да се биде мајка?
    Што значи да се биде мајка?

    Што значи да се биде мајка?

    Да се биде мајка e…прекрасно ? Магично? Нешто ново и единствено? Преубаво? Хм, мислите? Ма се шегуваме! Да се биде мајка е прекрасно па дури и тогаш, кога ќе сфатите дека немате што да облечете, стариот градник едноставно повеќе не ги оформува вашите гради, се радувате на одењето на стоматолог за да земете воздух од се, во девет навечер го прелистувате “куварот” спремни за спиење додека ваше старо друштво излегува и расправа за актуелни, политички и друштвени прашања а вашиот соговорник се претвора во таткото од Peppa Pig.
    Односот и комуникацијата со партнерот почнува да се менува. Сега едвај чекате да се појави на врата за да побегнете сами во продавница. Почнувате да го заборавате јазикот на возрасните и сето тоа дава една длабока нота на вашиот однос.
    Во текот на ноќта не спиете, за да излезете од дома, потребни ви се часови за да ги средите сите милиони работи кои треба да ги понесете со себе за да отидете на кратка прошетка. Веќе немате друштво со кое ќе одите на кафе после работа а да имате безгрижно дружење. Но без разлика на се, вие сепак без грижа на совест према себе можете да си речете – СЕ може да почека.
    Од моментот на блискост со вашето малеко, се друго станува неважно, мазењето и уживањето со вашето бебче додека го држите во раце, често знае да предизвика солза радосница. Тогаш, кренете слушалка и побарајте ја вашата мајка, кажете дека ја сакате. Дури сега, откако сте мајка, можете вистинска да ја разберете нејзината љубов и жртва која ви ја давала за да вие пораснете и станете тоа што сте денес.
    За сево ова говорат и илустрациите на Anne Lewis, финска мајка, која ја претвори љубовта кон своето ново семејство и нејзиното ново јас, во забавна он-лајн ликовно-илустрирана книга.

    Сè започнува со силно стискање на раката: