ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Што значи исипување од пелени и како да се спречи
    Што значи исипување од пелени и како да се спречи

    Што значи исипување од пелени и како да се спречи

    Што значи исипување од пелени?

    Промените на кожата во делот каде е пелената може да се јават како лесно црвенило, точкасто исипување, се до задебелување на кожата и гнојни ранички. Сите тие промени може да се карактеризираат како исипување од пелени.

    Кои се симптомите на исипување од пелени

          Најчесто почнува со лесно црвенило во делот каде кожата е прекриена со пелена.

          Обично не ги зафаќа кожните бразди

          Кожата станува темна, болна и топла на допир

          Делот на газето и горните делови на бутчињата може да се зацрвенат и навлажнат

          Може да се развијат и ограничени делови на сува кожа и кожа која се перута.

          Може да се појават и пликови, кожата се лупи и станува болно осетлива

          Во најтешките случаи промените на кожата може да загнојат

     

     

    Кога се јавува исипување од пелени?

    Исипување од пелени може да се јави било кога. Меѓутоа постои и одреден период во кој бебињата се поосетливи.

          Периодот кога се преминува од доење на хранење со шише

          Никнување на првите заби

          Воведување на немлечна храна

          Воведување на кравјото млеко

          После терапија со антибиотици

    Што го предизвикува исипувањето од пелени?

    Најчесто го предизвикува контактната иритација или локалната инфекција како последица на размножување на различни бактерии (најчесто Staphylococcus aureus) и гливички (најчесто Candida albicans).

    Контактната иритација ја предизвикуваат:

         Ретко менување на пелените

         Недоволно чистење на кожата од остатоците на урина и столица

         Терапија со антибиотици

         Диареја

         Преосетливост на храната

         Хемиските состојки на еднократните пелени

         Влажната и топла околина во текот на летото

    Локалната кожна инфекција ја предизвикуваат гливички од внатрешните органи кои доаѓаат во контакт со оштетената кожа и предизвикуваат гливично исипување. Во пределот на гениталиите кожата е лесно отечена, на допир рапава, а во пределот на пелената обично црвена, со распослано темнило.

    Кај вакви промени обавезно треба да се консултира со педијатар, кој после прегледот ќе препише соодветно терапевско средство-антимикотична маст или антисептик кој делува на гливичките.

     

    Кога мора да се консултирате со лекар?

         Ако бактериите продрат во оштетената кожа, доаѓа до инпертиго пеленско исипување. На кожата се прават пликови, кои со време се се претвараат во красти со боја на мед.

          Ако исипувањето не се повлече за два или три дена, а сте ги превземале сите мерки

          Ако постои исипување и на другите делови од телото, а бебето има покачена температура и повраќа

          Ако се јават дијареа и исипување во комбинација

          Ако кожата е потечена, или се присутни гнојни ранички, пликови и красти.

    Како да се спречи исипувањето од пелените?

         Менувајте ги пелените секогаш кога бебето ќе ги намокри, дури и кога се користат пелени за еднократна употреба со голема моќ на впивање(барем секои два часа)

          Менувајте ги пелените одма после какање

          Испробајте разни врсти на пелени-ако се користат еднократни, а бебето често се исипува од пелените, тогаш променете ја врстата на пелени.

         Платнените пелени ставете ги на вриење и пеглајте ги

         Користете влажни марамчиња што не мирисаат или обична вода

          Почесто оставајте го бебето без пелена откриено

          Кај осетлива кожа користете крема за делот на кожата под пелена