Стратегија за излегување: Вашето бебе не сака да биде одвоено од вас
Кога бебето ќе сфати дека родителите ќе излезат сосема е нормално да чувствуваат страв и вознемиреност, но со малку стратегија може да го олесните раздвојувањето и за детето и за себе.
Да се поздравувите со бебето и да си одите не е лесно, уште кога тоа е придружено со плач, врескање и посегнување по вас – речиси невозможно. “Сепарациската анксиозност, всушност, е голем чекор во интелектуална и емоционална смисла. Вашето дете првпат почнува да размислува за вас, додека Ве нема”, вели Алан Грин, автор на книгата “Raising Baby Green “за Yahoo Практични родители. Бебињата учат за излегувањето пред да го разберат враќањето, па затоа е нормално да се вознемират кога родителите исчезнуваат. Тие знаат дека нешто недостасува, а во овој случај сте вие.
Еднаш кога детето ќе сфати дека по одењето се враќате, анксиозноста почнува да ослабува. Можете да го вежбате ова едноставно со криенка. Покријте ја главата со ќебе, потоа откријте ја и кај вашето дете ќе има многу позитивна енергија и смеа. Потоа обидете се со малку подолго “криење” напуштите ја собата за минута или две минути. Ако плаче, можете да му пеете или да му зборувате од другата соба, за да знае дека сте близу, иако тоа не ве гледа. Со тоа ќе му покажете на вашето дете дека ќе се вратите и дека е на безбедно, иако не сте до него.
Искрадувањето може да изгледа како лесен начин за излез, но ако вашето бебе почне да ве бара, а вие не сте тука, тоа ќе почне да се мисли дека може во секое време да исчезнете. Наместо тоа, направете позитивен ритуал за излегување – од бакнување до челото до краток танц или песна. На крајот, без оглед колку тешко изгледа, можеби ќе треба да го оставите вашето мало во солзи. Ако не сте сигурни, детето ќе “ја сними” вашата неодлучност и да стане повеќе вознемирено, бидејќи тие ќе мислат дека не го оставате во сигурни раце, ако ви е тешко дека го оставте. Излезете нежно, но одлучно, и вашето бебе со грижа на дадилката или член на семејството, брзо ќе се смири.