ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Страв од Дедо Мраз!? Зошто децата се плашат?
    Страв од Дедо Мраз!? Зошто децата се плашат?

    Страв од Дедо Мраз!? Зошто децата се плашат?

    Стравот од Дедо Мраз, најчесто се јавува на возраст помеѓи 1 до 7 годишна возраст. Доколку вашето дете е едно од оние кои се плашат немојте да го форсирате да се слика или да седи во скутот на Дедо Мраз. Некои деца не сакаат бели бради, ги плашат црвените ракавици или црвеното одело им е чудно.

    Има и такви деца кои пак се плашат од неговите зборови како, (Ho! Ho! Ho !) кои може да им делуваат застрашувачки, бидејќи не им е пријатно да разговараат и седат во крилото на странец. Многу мали деца исто така сигурно не гледале многу филмови, во кои Дедо Мраз е добар дедо кој дели подароци, затоа за нив едноставно тој е странец во црвено одело. 

    Полека ослободете го

    Доколку вашето дете се плаши, немојте да го терате да зборува или да се слика. Наместо тоа, пробајте полека вашето дете да го ослободите од таа фобија која ја има. 

    Еден предлог како да го изведете тоа, е да го оставите прво заедно со вас да гледа како многу други дечиња му приоѓаат, го гушкаат или се сликаат со него.Од далеку да му мафнете со широка насмевка и да кажете на детето да го направи истото на начин кој ќе биде забавен. На тој начин повеќе ќе се ослободи. Доколку има постаро братче или сестричка убаво е да го види како тоа му приоѓа на Дедо Мраз, така довербата веднаш ќе биде зголемена.

    Немојте да го казнувате

    Најлошата работа што можете да ја направите е да го натерата вашето дете да седне во скутот на Дедо Мраз по секоја цена за да направите фотографија со него. Доколку детето се плаши, на тој начин дополнително ќе го зголемите стравот и одбивноста кон Дедо Мраз. Тоа може да јави дури и психолошка последица. Почитувајте ја желбата на вашето дете и немојте да го присилувате доколку нешто несака. Верувајте тоа ќе биде само фаза која ќе ја надмине, ако не како помало тогаш сигурно кога ќе стане многу посвесно. 

    За крај запомнете, НИКОГАШ немојте да му ги кажете следните реченици на вашето дете: 

    “Не биде смешен-шна, не е ништо страшно” или “Ако не се сликаш со Дедо Мраз нема да добиеш поклон” !!!