• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Страв од непознати лица
Страв од непознати лица

Страв од непознати лица

Кога се јавува страв од непознати лица?

Новороденчето сеуште не знае кој е странец, ужива во прегратките, насмевките и ретко ја разликува прегратката од мајката, таткото или некој друг. Со три месеци бебето веќе поинаку гледа на светот околу себе и може да го разликува лицето на родителите и на некого кого дотогаш не го видело.

Меѓутоа, поголемиот број на малечките стравот од непознати лица го чувствува на седум – осум месеци.

Некои бебиња се чувствителни и бурно реагираат кога ќе видат некого, додека други се плашат ако некој им се приближи и ги допре. Бебињата кои се навикнати на чести посети, побрзо се навикнуваат и полесно прифаќаат непознати лица, па кај нив оваа фаза обично трае многу кратко.

Дали стравот од непознати е нормална појава?

Стравот од непознати лица обично се јавува неочекувано и оддеднаш и е сосема нормална појава.

Бебето оддеднаш се плаши од непознати, ја врти главата и грчевито се држи за мајката.

Некогаш бебето се плаши и од лица кои порано ги видело, па дури и од блиски луѓе (баба, дедо, сосед). Обично овој страв исчезнува сам од себе, затоа што бебето едноставно го прераснува.

Зошто моето бебе оддеднаш се плаши од луѓе?

Некои научници бурните реакции на бебето кога ќе види непозната личност ги објаснуваат со тоа дека бебето покажува страв дури откако е способно да спореди нешто што знае или препознава со нешто што му е непознато, поточно што не го препознава. Како малечкото расте, се подобро ги разликува познатите од непознатите лица и се повеќе чувствува страв од оние кои не ги познава.

Во еден момент (околу осмиот месец) стравот достигнува кулминација, а потоа постепено исчезнува.

Исто така, постојат и научници кои тврдат дека бебето доживува страв од непознати лица поради тоа што странците ги доживува како потенцијална закана, поточно чувствува опасност и загрозеност.

Меѓутоа и покрај различните теории, не постои точно објаснување зошто се јавува стравот, ниту пак може да се предвиди како бебето ќе реагира.

Совети за родителите

-Секогаш бидете блиску до бебето кога има непознати лица во негова близина, затоа што може да се случи реакцијата на бебето да биде многу бурна, особено ако родителите не се покрај него.

-Потрудете се веднаш да го смирите бебето, а никако немојте да инсистирате на соочување, затоа што тоа може дополнително да ја влоши ситуацијата.

-Покажете му на бебето дека новите луѓе се добронамерни. Кога срдечно ќе се поздравите со насмевка и ако гласот ви е смирен, детето помалку ќе се плаши, но имајте на ум ни дека тоа понекогаш не е добро решение, особено ако бебето е пречуствително.

-Предупредете ги пријателите да му пријдат на бебето внимателно, но да не го допираат. Потоа набљудувајте ги неговите реакции. Ако плаче и изгледа уплашено, кажете им малку да почекаат за бебето да се опушти, па пробајте подоцна повторно да ги запознаете.