• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  СТРИИ ВО БРЕМЕНОСТА
СТРИИ ВО БРЕМЕНОСТА

СТРИИ ВО БРЕМЕНОСТА

 

Што се стрии?

Стриите се мали, вдлабнати траги на кожата кои се појавуваат најчесто на стомакот во подоцната фаза на бременоста, кога стомакот брзо се шири поради растот на бебето. Некои жени ги добиваат и на задникот, бедрата, колковите, а и на градите.

Стриите се добиваат поради промена на еластичното ткиво кое се наоѓа одма под кожата и е потпорно ткиво. На почеток се розови, црвенкасто смеѓи, виолетови или темно смеѓи, во зависност од бојата на кожата. Покасно избледуваат, иако никогаш потполно не исчезнуваат.

Како може да знам дали ќе добијам стрии?

Тешко е да се предвиди. Најмалку половина бремени жени добиваат стрии, но никој не може со сигурност да каже кој ќе ги добие а кој не. Меѓутоа, постојат некои причини кои ја зголемуваат шансата за добивање стрии.

Истражувањата покажуваат дека генетиката игра голема улога : ако мајка ви или сестра ви добиле стрии во бременост, тогаш голема е вероватноста дека ќе ги добиете и вие. Некои истражувања покажуваат дека помладите мајки се повеќе склони во добивање на стрии.

Освен тоа, што повеќе кожата се проши во бременоста и тоа се случи побрзо, вероватноста да се добијат стрии е поголема. Поради тоа, поголема вероватност да се добијат стрии е ако:

–          Добивате многу брзо во тежина;

–          Носите многу големо бебе;

–          Имате вишок на плодова вода.

Што може да се направи да се спречи излегување на стриите?

За жал, не постојат многу работи кои може да ги направите за да го спречите излегувањето на стриите. Потрудете се да не се поправите повеќе од препорачаната тежина-во повеќето случаи, препорачано е да се поправите 9 до 12 килограми и тоа постепено-бидејќи тоа може да смали вашите шанси да добиете стрии.

Нема докази дека било кои креми, лосиони и уље за кои тврдат дека може да го спречи излегувањето на стрии се ефикасни. ( Иако хидрирањето на вашиот стомак кој расте може да го намали чешањето).

Дали стриите некогаш ќе поминат?

Добра вест е дека стануваат помалку видливи околу 6 до 12 месеци после породувањето. Пигментацијата бледее и обично стануваат побледи од околната кожа (бојата ќе се разликува во зависност од бојата на вашата кожа), но нивната текстура останува иста.

Може ли нешто да се направи за да се ослободиме од стриите покасно?

Нема да бидете во мошност да ги отстраните потполно, но ако стриите ви сметаат после бременоста, разговарајте со дерматолог за начинот како да ги намалите.

Постојат различни можности на лечење.

Актуелни лекови како што се третиноин(ретинол-А) и гликонке киселина може да помогнат.

(Напомена: Retinol-A не е сигурен за користење во текот на бременоста и нема сигурни информации за количината која се излачува во мајчиното млеко или неговото влијание на бебето, затоа е најдобро да го избегнувате и  додека доите.)

Постојат некои докази дека ласерските третмани може да помогнатда се врати еластичноста на кожата и да се промени пигментацијата па така стриите повеќе ќе наликуваат на остатокот на вашата кожа.

Бидете свесни дека појавувањето на стриите се смета  пред се за  козметички проблем.