Суплементација
Доколку доите, тогаш на своето бебе му го зајакнувате имунолошкиот систем на најдобар можен начин.
Мајчиното млеко е полно со протеини, масти, шеќери и антитела, кои го градат имунитетот на бебето.
Истражувањата потврдија дека мајките кои во тек на доењето земаат пробиотици додатно ги зајакнуваат одбрамбените механизми на детето, затоа што пробиотиците преку млекото се внесуваат во организмот на бебето и на тој начин градат оптимална бактериска флора.
Нормално, пред било какво земање на суплименти, најнапред поразговарајте со својот лекар, како би добиле препорака за видот и количината на пробиотикот кој треба да го земате.