• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Суплементи кои можат позитивно да влијаат на бременоста
Суплементи кои можат позитивно да влијаат на бременоста

Суплементи кои можат позитивно да влијаат на бременоста

Витамин C

Одредена доза на витаминотC може позитивно да влијае на женската плодност, но и кај мажите кога одреден тип на неплодност е во прашање. Секако дозите од преку 1 грам дневно не се препорачливи во никој случај.

Витамин Е

Постојат студии за поврзаноста на конзумирањето на витаминот Е и подобрената раздвиженост на спермата кај мажите кои имаат низок број на сперматозоиди. Некои лекари советуваат витаминот Е да се зема заедно со витаминотC и селен.

Фолна киселина

На сите жени им се советува задолжително да земаат фолна киселина, најмалку три месеци пред планираната бременост и во тек на целата бременост. Постојат некои истражувања кои покажуваат дека фолната киселина во комбинација со цинк може да го подобри и бројот на сперматозоидите, но не е докажано дека тоа има влијание на зачнувањето.

Л – карнитин

Иако едно време се советуваше мажите да земаат големо количество на Л – карнитин, не постои ни една студија која покажала подобра раздвиженост на сперматозоидите или зголемено производство на сперма.

Коензим Q 10

Постојат неколку студии за позитивното влијание од земањето на Коензим Q 10 и неговото влијание на зголемувањето на бројот на сперматозоидите и нивната раздвиженост, но нема докази за подобрување на шансите за бременост. Исто така, Коензимот Q 10 може да го подобри квалитетот на јајце клетките кај жената.