Апгар – прва процена на бебето
Со апгар оцената се проценуваат пет показатели: бојата на кожата, дишењето, срцевата акција, тонусот на мускулатурата и рефлексниот одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).
Што е Aпгар оценка
Оценката на Апгар е збир од оценките кои бебето ги добива по раѓањето и кои ја одредуваат неговата состојба и потенцијалната потреба за итно реагирање.